ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Обраќање на вицепремиерот Бесими во Центарот за европски политики во Брисел
15:33, вторник, 18 февруари 2014

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари посета на Брисел каде имаше и свое обраќање на брифинг во Центарот за европски политики, на тема: “Европската иднината на Македонија – Перспективите и предизвиците”.
Во неговото обраќање, Бесими истакна дека и покрај отворените прашања со соседите, членки на Европска унија, силно стоиме фокусирани на нашите обврски што треба да ги исполниме и храбро се соочуваме со сите предизвици што ги носи реформскиот процес.
Тој информираше за досегашната работа на Владата на Република Македонија каде ги спомна реализираните реформи а кои се дел од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), како што се реформите во делот на слободата и изразувањето; измените во Изборниот законик за кои се постигна консензус меѓу политичките партии и реформите во делот на владеење на правото и почитувањето на фундаменталните права; реформите во јавната администрација и пазарната економија, а посебен акцент стави и на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како клучен приоритет на Владата за зајакнување на мултиетничкиот карактер на земјата.
Заменик претседателот Бесими додаде дека ХЛАД е добар пример како ЕУ и Македонија како земја кандидат, можат заедно да работат на реформите, поттикнувајќи нов ентузијазам во целокупниот интегративен реформски процес.
ЗПВРМ Бесими ги истакна како исклучително важни добрососедските односи и укажа на подготвеноста од наша страна да ги надминеме на конструктивен начин отворените прашања со соседите. Притоа ја оцени како конструктивен чекор посетата на министерот за надворешни работи на Република Грција, Венизелос на Република Македонија во својство на претседавач на ЕУ.
Бесими, исто така, ја истакна важноста од забрзување на евроинтеграциите, како важен предуслов за стабилноста и развојот на регионот и како заедничка тема и цел која ги постави земјите од регионот на иста страна во создавање на подобра заедничка иднина на земјите од Западен Балкан во Европската унија.
Центарот за европски политики е независна организација посветена на интеграциите во ЕУ и која работи според најсовремените европски и глобални начини на водење политика, обезбедувајќи најбрзи и најквалитетни информации и анализи од ЕУ и глобалната политичка агенда.

Во текот на посетата Вицепремиерот Бесими се сретна и со директорката на Директоратот за проширување на Европската Комисија Александра Кас Грање како и со Известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит.

Бесими ги искористи средбите уште еднаш да ја истакне посветеноста на Република Македонија во нејзиниот евроинтегративен процес, како и напредокот во реформите кои се вклучени во препораките на ПДВН.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.