EDIF
Инструментот„ Фонд за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан“ (ЕДИФ) e финансиран од ЕУ и истиот има за цел подобрување на пристапот до финансиските средства за малите и средни претпријатија во регионот на Западен Балкан.
Истиот се фокусира на:
Малите и средни претпријатија од Западниот Балкан се столбот на локалната економија. Истовремено, тие се многу изложени на пазарните движења и нестабилноста и се соочуваат со предизвици за добивање на заеми или инвестиции. ЕДИФ одговара на овие потреби преку обезбедување на подобар пристап до финансиите.
Покрај тоа, ЕДИФ има за цел да создаде поповолна средина за финансирање на малите и средни претпријатија, како и издржлив пазар на капитал на долг рок. Ова вклучува и промоција на реформите на политиките за да се создаде потребната политичка рамка која го поддржува финансирањето на малите и средни претпријатија.
Овој инструмент е достапен за следните земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косов.
ЕДИФ е заедничка иницијатива на ЕУ, меѓународните финансиски институции (МФИ), билатерални донатори и Владите на земјите од Западен Балкан, а севкупната иницијатива е координирана од страна на Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ).
Сите детали по однос на овој инструмент, како и учеството на Република Македонија во истиот може да се најдат на следниот линк: