ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Билатерални донатори
Словенија

Република Словенија е важен билатерален партнер на Република Северна Македонија во процесот на спроведување на реформите кои произлегуваат од евро - интегративниот процес, но и генерално во поглед на унапредување на развојот на државата.

 

Развојната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија е регулирана со Спогодбата за развојна соработка, потпишана во 2004 година.

 

Спогодбата за развојна соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија има за цел да придонесе кон исполнување на развојните цели на Република Северна Македонија, преку поддршка во неколку целни подрачја:

 

-          Одржлив економски развој

-          Основни социјални услуги

-          Добро управување

-          Социјална безбедност

-          Заштита на животната средина

-          Развој на истражување/знаење

-          Дополнително во 2016 година се воведе од страна на донаторот нова приоритетна област за соработка - права на деца и жени

 

Соработката се реализира во форма на поддршка на развојни проекти, техничка соработка во областа на европската интеграција и други форми на соработка.

 

Во програмскиот период 2010 – 2015 билатералната развојна соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија е заеднички координирана преку Заедничкиот комитет за развојна соработка, предвиден со потпишаната Спогодба и составен од претставници од претставници на релевантни институции на двете држави. Во овој период потпишани се три Меморандуми за развојна соработка во рамки на кои беа финансирани:

 

-          Изградбата на Модуларното училиште во општина Илинден (500.000 евра сл.разв.средс)

-          Изградба на пречистителна станица за вода за пиење во општина Пробиштип (354.000 евра сл.разв.сред),

-          Реконструкција на пречиститетлната станица за вода за пиење во општина Штип (415.000 евра сл.разв.сред),

-          Воспоставување на ГИС систем во Источниот плански регион (околу 200.000 евра сл.разв.сред),

-          Финализирање на Пречистителната станица за отпадни води во општина Ѓорче Петров

 

Покрај финансирањето на гореспоменатите развојни проекти, во рамки на Меморандумите беа реализирани и поголем број активности за размена на искуство и знаење во поглед на евро - интегративниот процес, како и активности за зајакнување на капацитетите (преку соработка со Центарот за европска перспектива, Center of excellence in finance, ITF Enhancing human security) и поддршка на невладиниот сектор.

 

Од 2016 година по најава од донаторот, развојната помош се спроведува на конкурентско ниво, без однапред конкретизирана буџетска распределба на развојни средства за кофинансирање на проекти во Република Северна Македонија.

 

 

Корисни линкови:

 

Министерство за надворешни работи на Република Словенија

http://www.mzz.gov.si/en/

 

Амбасада на Република Словенија во Република Северна Македонија

http://www.skopje.embassy.si/

 

Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија

http://www.cmsr.si/en/

 

 

Контакт

Евгенија Серафимовска Кирковски

Раководител на Сектор за координација на европски фондови и друга странска помош

e-mail: evgenija.kirkovski@sep.gov.mk

Тел. 00389 ........

 

Софче Крстиќ

Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош

e-mail: Sofce.zafirovska@sep.gov.mk

Тел. 00389 23200 252

Сподели ја содржината!
Друга странска помош
Билатерални донатори
Меѓународни финансиски институции
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.