ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Скрининг
Скрининг
15:26, петок, 31 мај 2019

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото на ЕУ и состојбата во земјата кандидат во однос на него. Поспецифично, како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правното наследство на Европската Унија и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.

 
Скринингот се спроведува по поглавја, освен за поглавјата: 34 „Институции" и 35 „Други прашања", кои се предмет на преговори во последната фаза од процесот на пристапување. Најпрво се одржуваат објаснувачки состаноци на кои претставници на Комисијата детално го презентираат правото на ЕУ, а потоа билатерални состаноци со секоја држава. По завршувањето на овие две фази, Комисијата подготвува извештај за скринингот и го презентира на Советот. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата.
 
По одлуката на Европскиот совет од јуни 2018 година и обезбедувањето на јасна перспектива за почеток на пристапните преговори во јуни 2019 година, Република Северна Македонија на 27 септември 2018 година започна со фазата на објаснувачки состаноци (календар).
 
Со цел поголема транспарентност во однос на овој исклучително важен процес, и информирање на граѓанското општество, струковите здруженија, академската и деловната заедница како и пошироката јавност, во продолжение ги споделуваме презентациите од досега одржанита состаноци.
 

Поглавје 1 - Слободно движење на стоки

Поглавје 2 - Слобода на движење на работници

Поглавје 3 - Право на основање и слобода на давање услуги

Поглавје 4 - Слободно движење на капитал

Поглавје 5 - Јавни набавки

Поглавје 7 - Право на интелектуална сопственост

Поглавје 9 - Финансиски услуги

Поглавје 12 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика

Поглавје 15 - Енергетика - Поглавје 21 - Транс европски мрежи

Поглавје 17 - Економска и монетарна унија

Поглавје 18 - Статистика

Поглавје 19 - Социјална политика и вработување

Поглавје 20 - Претпријатија и индустриска политика

Поглавје 22 - Регионална политика и координација на структурни инструменти

Поглавје 23 - Соработка на полето – правосудство и човекови права

Поглавје 24 - Правда, слобода и безбедност

Поглавје 25 - Наука и истражување

Поглавје 26 - Образование и култура

Поглавје 27 - Животна средина

Поглавје 28 - Потрошувачи и здравствена заштита

Поглавје 32 - Финансиска контрола

 

 

Сподели ја содржината!
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Скрининг
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.