ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Цврста поддршка од страна на Италија за старт на преговорите со Северна Македонија
18:15, четврток, 30 мај 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамките на работната посета на Република Италија, остварија средба со министерот за надворешни работи, Енцо Моаверо Миланези, како и со Претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучано Далфонсо.

„Носиме добри вести од Скопје, Извештај на Европската Комисија кој прецизно го рефлектира реформскиот напредок на Република Северна Македонија, заедно со јасна и недвосмислена порака од страна на Комисијата, за целосна подготвеност на земјата за почеток на преговорите“ посочи Османи на соговорниците. Во продолжение, Османи реферираше и за реформскиот напредок во клучните области кои се дел од заклучоците на Европскиот совет од минатата година, а во насока на целосно исполнување на преземените обврски, како основа за почеток на преговорите со Унијата оваа година.

„Со Извештајот добивме уште една силна и многу важна потврда дека Северна Македонија оди по вистинскиот пат. Горди сме за постигнатото. Признавањето на нашиот успех, преку отпочнување на пристапни преговори годинава, ќе биде охрабрување и јасна порака за целиот регион, но и потврда на кредибилитетот и влијанието на ЕУ на Балканот. Се разбира, поддршката од Италија и останатите земји членки ќе биде клучна за позитивна одлука на Европскиот совет. Како што вели италијанската поговорка – да бидеме заедно е почеток, да се одржуваме заедно е прогрес, а да работиме заедно е успех. Ние ќе продолжиме да работиме нашиот успех да биде и заеднички со нашите пријатели од ЕУ.” истакна Димитров.

 

На средбите во Рим, ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров изразија благодарност за досегашната поддршка од страна на Италија за европските интеграции на Република Северна Македонија, добивајќи цврсти уверувања од страна на министерот Миланези и Сенаторот Далфонсо, дека Италија останува посветена на европските интеграции на целиот регион на Западниот Балкан, со силна поддршка за старт на преговорите со Република Северна Македонија, во пресрет на претстојниот јунски самит на ЕУ.

 Од Италија, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров продолжуваат во билатерална посета на Кралството Белгија, каде ќе остварат средба со министерот за надворешни и европски прашања, Дидие Рејндерс.

 

Сподели ја содржината!
Вести
Кралството Шведска ќе продолжи со поддршката на реформите во процесот на европска интеграција
ОСМАНИ: СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ КОЈ ГО НОСАТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ- МОЖЕ ДА ЗАПОЧНАТ ВЕДНАШ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА ГИ СОЕДИНИМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ АМБИЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛА ЕВРОПА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.