ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ФРАНЦИЈА СИЛНО ГИ ПОДДРЖУВА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА ЗЕМЈАВА
11:20, четврток, 23 мај 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние има воведни обраќања на меѓународниот семинар на тема „СЕП, Центарот за обуки и димензијата на човечките ресурси“, кој се реализира со поддршка на Француската агенција за развој.

„Денешниот настан е дел од серијата семинари и обуки кои ги организираме со поддршка на Француската агенција за развој, а се во насока на зајакнување на капацитетите на СЕП, како единствена институција со соодветната експертиза, знаење и искуство поврзани со европските процеси, а со цел поквалитетна подготовка на државата за процесот на преговори кој ни претстои“, нагласи  Османи.

Османи изрази благодарност до Амбасадорот Тимоние и до својот советник кој доаѓа од француската Влада, Франсоа Лафонд, за поддршката во организацијата на ваквиот тип на обуки и семинари, со кои, како што истакна Османи, „не само што се зајакнуваат капацитетите на Секретаријатот за европски прашања туку истите претставуваат и јасен израз на добрите односи меѓу Република Франција и Република Северна Македонија.“

Османи посочи и на актуелноста на темат во периодот што претстои, упатувајќи на Извештајот на Европската Комисија чие објавување е наредната недела, при што истакна дека очекува истиот да го рефлектира реформскиот и политички напредок на земјава и дека очекува по квалитет да го надмине и минатогодишниот, и директно да посочи на  подготвеноста на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија оваа година.

Сподели ја содржината!
Новости
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.