Новости
среда, 22 мај 2019 17:19
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари
средба со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол
Макарти и директорот на Центарот за глобален импакт при ИРИ, Антонио Гарастазу.
На состанокот беа отворени темите поврзани со можностите за
соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на
иницијативите и портфолиото на активности на Институтот, како што се: управување
со граѓанството, борбата против корупција, зајакнување на законодавството,
дигиталмната демократија, независни медиуми и пристап до информации, прашања
поврзани со миграцијата; младинско јакнење, применети истражувања, и слично.
„Републиканскиот институт има долгогодишно присуство во
земјава, со исклучително значајно влијание во политичкиот и општествен развој,
како и огромен авторитет меѓу политичките претставници од сите провиниенции, и
севкупно, од јавноста “, посочи Вицепремиерот Османи, упатувајќи благодарност
до г-нот Макарти за континуираната поддршка која институтот ја обезбедува зе
Република Северна Македонјиа и нејините евроатлантски амбиции.
„Како земја имам огромен напредок во изградбата на стабилна
кохезија во општеството, напрдок во обезбедувањето стабилност на меѓуетнички
план, но и воопшто, во изградбата на политичка зрелост која резултираше со
значаен демократски напредок“ истакна Османи, упатувајќи притоа благодарност и
до претставниците на ИРИ за нивниот придонес во овој успех.