Новости
среда, 22 мај 2019 11:06
Денес се одржа четвртиот по
ред мониторинг комитет за транспорт, животна средина и климатски акции, кој го
водеше Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања во улога
на Национален ИПА координатор (НИПАК), Бујар Османи.
На состанокот беше
разгледана состојбата во исполнувањето на повеќегодишните програми во секторите
транспорт и животна средина и климатски акции, а се дискутираше и за
предизвиците при спроведувањето на проектите во двата сектори и изнаоѓањето
решенија за нивно надминување.
„Спроведувањето
инфраструктурни проекти не е едноставно: се соочуваме со експропријација на
земјиште, проблеми во фазата на проектирање, долги постапки за набавки,
непредвидливи проблеми и ситуации кои излегуваат при изведбата, а притоа треба
да се води сметка и за одржувањето и сопственоста на проектите откако ќе
завршат, и затоа потребен е сериозен фокус и посветеност во надминувањето на
овие предизвици“, посочи Османи на состанокот, притоа наведувајќи дека е
потребно да се реагира навремено, со цел да не се загрози апсорпцијата на ИПА
фондовите, како еден од поважните елементи од кои зависи трансформацијата на
нашето општество согласно европските правила и стандарди.
Во продолжение беше
разгледана и состојбата во секторот животна средина, каде се разговараше за
спроведувањето на проектите за третман на отпадни води и цврст отпад, како и
проектите за техничка помош кои се во фаза на спроведување со цел апроксимација
на нашето со европското законодавство.