Новости
петок, 17 мај 2019 14:47
Заменик
претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари
средба со Регионалниот директор на УНОПС за регионот на Европа и Централна
Азија, Моин Карим.
„Сакам
да изразам задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС која се отвори
минатата година, секако во насока на имплементација на средствата од Кралствата
Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за
имплементација на проектите на УНОПС во Република Северна Македонија“, истакна
Османи. Тој упати задоволство и од квалитетот
на таргетирањето на билатералната помош, особено нејзиното насочување во
мултиетнички средини, создавајќи притоа и дополнителна вредност и од аспект на
кохезијата во општеството, како основа за долгорочна стабилност.
Османи
упати благодарност до Карим и за таргетирањето на Секретаријатот за европски
прашања, како корисник во насока на поддршка на администрацијата во нејзината
подготовка за предизвиците кои претстојат, подготвувајќи ги капацитетите за
преговори со Европската Унија, изразувајќи притоа уверување дека проектот
„Нордиски напредок“ кој УНОПС го спроведува во Република Северна Македонија
успешно ќе ја оствари целта за поддршка на Владата, зајакнувајќи ги
капацитетите на администрацијата за интеграција на земјата во ЕУ.