Новости
петок, 12 април 2019 09:22
Заменик Претседателот на
Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа состанок со
претседателката на Европската бизнис асоцијација (ЕБА), Катерина Бошевска.
На средбата беа отворени
темите поврзани со европските интеграции на земјава и статусот на спроведените
реформи од аспект на можностите и потенцијалите кои им стануваат достапни на
бизнисите во рамки на единствениот европски пазар, како и подобрување на
нивниот развој во контекст на стабилизираната политичко- економска состојба во
земјата во последниве две години.
„Извесната европска
интеграција на земјава придонесува за подобрување на бизнис климата со
имплементацијата на европските стандарди и вредности во работењето на бизнис
секторот, при што позитивно влијае и на унапредувањето на економските односи со
ЕУ, обезбедувајќи взаемни придобивки за бизнисите“, истакна Вицепремиерот Османи.
„Од овој аспект, улогата на ЕБА во евроинтегративниот процес очекувам
дополнително да придонесе за доближување на практиките на македонските бизниси
до европското бизнис опкружување“, додаде Османи.
Во продолжение на средбата
Вицепремиерот Османи и Претседателката Бошевска разговараа и за можноста за директно
ангажирање на ЕБА во делот на подобрување на искористеноста на ЕУ фондовите кои
се на располагање за македонските компании, со цел поттикнување на развојот на
претприемништвото, како и воопшто потесна соработка на Асоцијацијата со
Секретаријатот, и воопшто со владините институции.