ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИЗБОРИТЕ ПРЕМНОГУ ДА НЀ ОДДАЛЕЧАТ ОД РЕФОРМИТЕ
14:22, среда, 03 април 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Регионалната директорка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) за Европа и Заедницата на независни држави, Мирјана Шпољариќ-Егер.

На средбата беа отворени темите за тековните и идните планови на УНДП во земјата, а се разговараше и за развојните предизвици од аспект на процесот на европска интеграција, домен во кој УНДП има конкурентска предност, искуство и мандат за поддршка на Северна Македонија како долгорочен партнер.

„Во моментов сме во период на предизборие, во тек на претседателска кампања, што, иако ги забавува процесите, не треба да преставува пречка да продолжиме со спроведување на реформите за европската интеграција на земјава, и во таа смисла,  стратешкото партнерство со УНДП за поддршка на агендата за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ е добредојдена “ истакна Османи, посочувајќи пролетниот Извештај за состојбите и напредокот на земјата од страна на Европската комисија, ќе го рефлектира позитивниот реформски моментум во држаавта.

Османи ја поздрави и поддршката од УНДП на Владата за искористување на процесот на интеграција во ЕУ за постигнување одржлив, инклузивен и забрзан раст согласно најдобрите практики и меѓународните и регионалните искуства, што, според него ќе значи подобрување на животот на граѓаните согласно европските стандарди.  

На крајот од средбата Вицепремиерот Османи и Директорката Шпољариќ-Егер изразија силна увереност дека оваа партнерска соработка ќе продолжи и во претстојниот период, со оглед на посветеноста на Владата во поддршка на политиката на ОН ,,Никој да не заостане” (NO ONE IS LEFT BEHIND).  

УНДП досега има спроведено над 200 проекти во вредност од над 66 милиони евра од осамостојувањето на земјава, од кои 27 се спроведуваат тековно со буџет од околу 19 милиони евра, и тоа поддршка за институциите, евроинтегративниот процес, мигрантската криза, ромите, локалната самоуправа итн, како и помош за отштета при природни катастрофи. Соработката помеѓу Република Северна Македонија и ОН преку програмите за развој и поддршка успешно се реализира веќе 25 години.

Сподели ја содржината!
Новости
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
ЗПВ Димитров: „Во ова клучно време во процесот на интеграција во ЕУ, од исклучителна важност е поддршката од нашите билатерални партнери"
Димитров: „Од Грција очекуваме поддршка и помош на европскиот пат“
ЗПВ Димитров на средба со раководството на Стопанската комора на Македонија: „Воспоставувањето на соработка со Стопанската комора на Македонија и со бизнис заедницата е еден од столбовите на кои ќе почива успешноста на преговорите
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.