ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЗАВОДОТ ЗА РЕВИЗИЈА ЈА ПРЕСТАВУВА ОСНОВАТА НА БОРБРА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА
13:55, среда, 03 април 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со делегација од Секретаријатот за европски прашања, остварија работна средба со претставниците на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија, предводени од Заменик главниот државен ревизор, Насер Адеми.

„Државниот завод за ревизија претставува институција која не само што исклучително ревносно си ја врши својата работа, туку нејзините резултати се често основа на која се идентификуваат потребите за реформи и во другите институции, за што доверба во нивната работа имаат изразено и меѓународните пријатели, како што е Европската Комисија, која ги цитира нивните резултати во извештаите за земјава“ – нагласи Османи, посочувајќи на важноста на институцијата во севкупниот процес на борба против организираниот криминал и корупција.

„Ревизор Адеми, но и останатите членови на раководството на Државниот завод ме уверија  дека продолжуваат со својата активност со целосен капацитети, правејќи основа за другите институции во создавање на таканаречениот „трак-рекорд“, т.е. успешни примери со кој ќе се демонстрира напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција“ истакна Османи, посочувајќи дека успешноста во оваа област значи поголема заштеда на буџетските пари, заштита на принципот на владеење на правото и создавање фер компетитивна бизнис околина, но и значајно за европските интеграции на земјата.

“Преку напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција создаваме основа за позитивен Извештај од страна на Европската Комисија во мај, кој очекувам да го одразува реалниот напредок на земјава, што, пак, ќе претставува основа за земјите – членки да ја потврдат одлуката од минатата година, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија оваа година“- додаде Османи.

Средбата се реализираше во рамки на институционалните посети на Вицепремиерот Османи на институциите надлежни за спроведување на реформите кои беа предвидени во План 3-6-9 и План 18, како и имплементацијата на останатите обврски поврзани со европските интеграции на земјава во рамките на кои претходно беа посетени и Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија, како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Сподели ја содржината!
Новости
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.