Новости
вторник, 05 март 2019 12:10
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар
Османи, во рамките на институционалните посети поврзани со имплементацијата на
реформите од Планот 18, денес оствари средба со членовите на Државната комисија
за спречување на корупцијата.
„Државната комисија за спречување на корупцијата претставува еден од најсветлите примери за успешна имплементација на
реформите од Планот 18, имајќи ја предвид најнапред инклузивната постапката на
носење на новиот закон за работата на ДКСК, преку широки интервенции на
експертската јавност и опозицијата; потоа, исклучително транспарентниот избор
на новите членовите; но големите очекувања што јавноста ги има од нивната
работа“ истакна Османи, посочувајќи го значењето на комисијата не само како
важен елемент во превенцијата на криминалот и корупцијата, туку и еден од
условите по кои Европската Комисија, а со тоа и земјите - членки на Унијата, ќе
го ценат напредокот на земјава од аспект на приближувањето кон Европските
правила и стандарди.
За време на средбата Вицепремиерот Османи на членовите на
Комисијата им ја пренесе подготвеноста на Владата за интервенција во рамките на
своите надлежности, во надминување на предизвиците со кои се соочува
Комисијата, како од технички, просторни и организациски аспекти, како и
целосната поддршка и доверба за нивната работа.
Во продолжение Османи потсети на редовниот состанок на Советот за Стабилизација
и Асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија што ќе се
одржи на 19 март во Брисел, а каде ќе се направи првиот мериторен пресек за
успешноста во имплементацијата на реформите од Планот 18. Во оваа насока Османи
уше еднаш побара од администрацијата, од сите задолжени институции, ресорните
министерства, но и од Парламентот за посебен фокус во напорите за финализација
на реформите, а со цел, на претстојниот состанок на ССА, да се претставиме со
што е можно поголемо портфолио на постигнати резултати и со што е можно повеќе
и поквалитетни реформи.