Новости
среда, 20 февруари 2019 13:05
Заменик Претседателот на Владата задолжен
за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел оствари
средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
На средбата беа отворени темите за
напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на
отпочнување на претпристапните преговори со Унијата. Османи реферираше пред
еврокомесарот Хан за динамиката на спроведување на реформите предвидени во План
18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и
разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против
организираниот криминал и корупцијата.
„Очекуваме уште подобар Извештај за
напредокот на земјата кој ќе го рефлектира реформскиот моментум во земјата, заедно со уште една препорака која ќе претставува основа за
конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во Јуни, за почеток на преговорите со
Република Северна Македонија“, истакна Османи на средбата. Во иста насока
Османи реферираше и за активностите во создавањето и обуката на преговарачката
структура во земјата, вклучувајќи ги тука и успешните објаснувачки состаноци со
Европската Комисија, кои редовно се одржуваат според предвидената динамика.