Новости
понеделник, 11 февруари 2019 10:23
Заменик
Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките
на неколкудневната работна посета на Вашингтон, оствари средба со Вилијам
Беркли, директор за НАТО и Европски прашања во
Националниот Совет за Безбедност при администрацијата на Белата куќа
„Веројатно
не постои подобар тајминг за оваа средба, имајќи го предвид и формалното
потпишување на протоколот за НАТО, со што Македонија и официјално седнува на
столчето во евроатланската алијанса“ – изјави Османи на средбата, посочувајќи
го овој успех како заеднички интерес на сите НАТО земји, а за што упати особена
благодарност за поддршката на САД во овој процес.
„Македонија
останува доверлив партнер на САД во регионот, силно посветена на промоцијата на
западните вредности, демократијата и стабилноста во регионот“ изјави Османи,
пренесувајќи ја пораката од страна на Владата за посветеноста кон реформскиот
процес, изградбата на стабилни и цврсти институции, како и добри односи со
соседите. Османи посочи на активностите во реформскиот План 18, како основа и
за напредок и во евроинтегративниот процес, посочувајќи на нашите очекувања за
уште еден позитивен извештај и препорака од страна на Европската Комисија, како
основа на која очекуваме почеток на преговорите со ЕУ оваа година.