Новости
четврток, 17 јануари 2019 12:37
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари работна средба со Амбасадорот на Арапска Република Египет, Моајад Фатхаллах ел – Далие кој е во работна посета на нашата земја.
„Египет е првиот сосед на Европа, а тоа има посебно значење за нас, земјите од Југоисточна Европа, имајќи предвид дека се наоѓаме на патот на трговските коридори кои ја врзуваат Европа со земјите од Африка но и од целиот исток“ истакна Османи на почетокот од средбата, упатувајќи благодарност за посетата и покажаниот интерес за соработка до амбасадорот Далие.
„Двете држави имаат традиционално пријателски односи, што треба да се искористи за унапредување на културната, политичката и пред сѐ економската соработка за што постои огромен потенцијал“ – истакна Османи. Во таа насока соговорниците посочија и на потребата од обновување на старите деловни врски меѓу бизнис секторот на двете земји, за чие поттикнување, со свои активности би се вклучиле двете држави.