Заменик Претседателот на Владата задолжен за
европски прашања, и главен преговарач и шеф на државната делегација за
преговори со ЕУ, Бујар Османи, заедно со својот заменик и главен технички
преговарач, Бојан Маричиќ, денеска престојуваат во работна посета на Тирана,
Република Албанија, во рамките на која, заедно со Министрите и Вицепремиерите
за европска интеграција на земјите од регионот учествуваат на третата
Конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан (WBAR)., при што
оствари билатерални средби со Министерот за Европа и надворешни работи на
Република Албанија, Дитмир Бушати, и Министерката за европска интеграција на
Република Косово, Дурата Хоџа.
Во текот на разговорот со Министерот Бушати, беа
отворени темите за предизвиците со кои двете земји се соочуваат при
приближувањето кон Европската Унија, како и за развојот на билатералните односи
меѓу двете земји при што двајцата соговорници изразија задоволство што покрај
заедничката јасната и прецизна временска рамка за почеток на преговорите со
Европската Унија во јуни следната година, вклучувајќи јасни и прецизни насоки и
забелешки за успешност на тој процес - „Минатата недела двете земји заеднички
го започнаа скрининг процесот што претставува дополнителен поттик за
зајакнување на меѓусебната соработка, особено во размената на искуствата и
стекнатите знаења за напредок во интегративните процеси“ - истакна Османи.
За време на средбата Вицепремиерот Османи од својот
соговорник побара од Албанија, како земја – членка
на НАТО, да ја искористи својата позиција за да ѝ помогне на нашата земја на
патот кон нејзиното полноправно членство во северно-атлантската алијанса. Во
овој контекст тој потенцираше дека искуството на Република Македонија во
рамките на процесот за Стабилизација и Асоцијација, особено искуството на
Секретаријатот за Европски прашања, претставува значаен потенцијал за размена
со колегите од Албанија.
Во текот на средбата со
Министерката за европска интеграција на Република Косово, Дурата Хоџа, соговорниците
ја потенцираа
заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, како и
соработка во оваа насока меѓу двете земји. „Високата поддршка од граѓаните на
референдумот, претставуваат силен моментум за имплементација на Договорот од
Преспа, со што Република Македонија целосно ќе ги откочи европските и
евроатлантските интеграции“, истакна Османи, посочувајќи дека овој напредок,
како и целосната имплементција на договот од Преспа, ќе претставува поттик и за
целиот регион, за суштински и храбри компромиси меѓу земјите од Западниот
Балкан, посочувајќи притоа и за односите помеѓу Косово и Србија.
На денешната Конференцијата за пристапни реформи во
земјите од Западен Балкан (WBAR), се очекува да биде потпишана
заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за
унапредување на добрососедските односи, унапредување на регионалната соработка
како и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, по што ќе следи и
обраќање на Вицепремиерот Османи на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во
јавноста.
Денешната Конференција за пристапни реформи во
земјите од Западен Балкан (WBAR) во
Тирана, која е поддржана од страна на австриското претседателство со Советот на
ЕУ е трета по ред, на која ѝ претходат првата одржана во Скопје во 2015 година
и втората одржана во Подгорица во 2017 година.