ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
TAIEX
TAIEX

TAIEX (The Technical Assistance Information Exchange Office – Техничка помош за размена на информации) преставува краткорочна техничка помош за земјите-кандидатки и потенцијалните земји-кандидатки од Западен Балкан, во областа на приближување, примена и спроведување на правото на ЕУ како и во надградбата на неопходната административната структура. TAIEX (Техничка помош за размена на информации) се финансира од мултилатералната програма ИПА (Инструмент за претпристапна помош на ЕУ) по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

TAIEX канцеларијата за техничка помош при Генералниот Директорат проширување, на 8 декември 2003 година одржа иницијален состанок за соработка со земјите од процесот на стабилизација и асоцијација, со што официјално се отвори можност за користење на услугите на TAIEX во Република Македонија.

Можноста за користење на услугите на TAIEX, особено во делот на обезбедување на техничка помош при транспонирање и спроведување на законодавството на Европската унија, е од исклучително значење за Република Македонија.
Заклучно со 2006, трошоците за TAIEX инструментот се покриваа од CARDS програмата, додека сега тие се целосно покриени преку ИПА фондовите, при што институциите не сносат какви и да е дополнителни финансиски трошоци.

  • Начин на користење на TAIEX инструментот:

Системот на координација и комуникација согласно Насоката за комуникација на органите на државната управа со службите на Европската комисија и другите институции на Европската Унија, усвоена на Единаесеттата затворена седница на Владата на Република Македонија, одржана на 21 октомври 2008 година, e следниот:

  • Координатор на TAIEX активностите во Република Македонија е Секретаријатот за европски прашања.

Барањата за експертска помош, организирање на работилници и студиски престои се праќаат преку Секретаријатот за европски прашања – (СЕП), до Делегацијата на Европската Комисија, а информациите од TAIEX канцеларијата во Брисел прво се доставуваат во Мисијата на Република Македонија во Брисел, а потоа се проследуваат преку Секретаријатот за европски прашања – (СЕП) до надлежните органи.

При пополнувањето на формуларите за пријавување, особено е важно детално да се наведат темите кои се предлагаат за понатамошна анализа и дискусија, односно да се приложат соодветните релевантни материјали за кои се бара експертиза. Колку попрецизно се дефинирани областите за кои се бара услуга од TAIEX, толку поголеми се и можностите за нивно брзо остварување.

За секое учество на TAIEX семинар/работилница задолжително е доставување на Извештај до надлежното министерство и до Секретаријатот за европски прашања – (СЕП).

Лицата кои се номинирани да присуствуваат на работилници/студиски престои/експертски мисии, се избираат врз основа на нивното претходно работно искуство, доброто познавање на предметните области, спремноста за понатамошна анализа, разработка и имплементација на европските стандарди во националното законодавство, како и спремноста за континуиранo превземање на активности кои произлегуваат од остварувањето на обврските кои Република Македонија ги има кон Европската унија.


Со оглед на фактот дека процесот на одобрување на една апликација е кус, како и во зависност од тоа дали институцијата го знае експертот кој го бара (или од тоа дали има претходно воспоставен контакт со институцијата каде сака да оди, кај студиската посета), но и со оглед на фактот дека роковите се куси (како илустрација, за експертска мисија одговор се добива за 3 до 4 недели, за Студиска посета - 4 до 5 недели, додека за работилница - за 8 недели), неопходно е министерствата навремено да ги идентификуваат потребите за користење на услугите на TAIEX, и барањата да ги доставуваат до Секретаријатот за европски прашања – (СЕП), како координатор на TAIEX активностите.


TAIEX има посредничка улога во пренесувањето на искуствата од Европската комисија и земјите членки на ЕУ кон потенцијалните земји за интеграција во ЕУ. Со програмата раководат експерти од TAIEX канцеларијата при Генералниот директорат за проширување во тесна соработка со експерти од државните и регионалните административни тела на земјите – членки и другите органи на ЕУ. Покрај експертите од државните и регионалните управи, TAIEX ангажира и експерти од различни здруженија и институции од полуприватниот сектор, а во одредени случаи и од универзитети и од приватниот сектор. На тој начин корисниците имаат можност да добијат помош од експерти кои работаат на исто ниво во јавните управи во земјите членки како и експерти кои се специјализирани за одредени прашања.

  • Инструментот TAIEX ги нуди следниве услуги:

- Обезбедување на краткорочна техничка помош и совети за транспонирање на законодавството на ЕУ во националното законодавство на земјите кориснички односно на администрацијата на овие земји, како и спроведување и примена на овие закони.
- Да ги приближи ЕНПИ партнерските земји поблиску до Европската унија, преку зголемена економска интеграција и продлабочување на политичката соработка преку споделување на искуството стекнато за време на процесот на проширување.
- Да обезбеди техничка обука и помош за партнерите и заинтересираните страни на земјите-кориснички.
- Да обезбеди база на алатки за помагање и следење на напредокот во приближувањето, како и да ги идентификува потребите за понатамошна техничка помош.
- Техничката помош преку TAIEX инструментот е во широк обем како и ги покрива сите области и политики на ЕУ. Земјата партнер може да има корист од флексибилноста на TAIEX да помогне при задоволување на потребите за обуки за ЕУ законодавството преку постигнување на значителен број претставници. Поддршката за градење на институциите се обезбедува во формат на експертски или студиски посети, во зависност од барањата добиени од земјата корисник.
- Eкспертските и студиските посети се дизајнирани за да обезбедат краткорочна помош на земјите кориснички за приближување и имплементација на законодавството на ЕУ. Студиските посети, се изведуваат од страна на ограничен број на работници од земјите кориснички во администрацијата на земја членка. Тие даваат можност на претставниците од земјите кориснички да работат заедно со службениците на земјата членка, да дискутираат за законодавството, искуствата кои тие ги добиле при поминувањето на овој процес, административните процедури и инфраструктурата и да видат примери на најдобри практики.
- Експертските мисии, од друга страна вклучуваат обично еден или двајца експерти на земјите членки кои патуваат во земјите партнери. Тие обезбедуваат можност да разговараат за нацрт-закони, да ги претстават примерите на најдобри практики и да дадат помош каде што се бара. Префериран формат на обука е работни сесии вклучувајќи размена на знаења помеѓу земјите кориснички и експертите.

  • Главните целни групи се:

- Државните службеници кои работат во јавната администрација; на национално и на суб-национално ниво и во здруженијата на локалните власти;
- Судството и органите за спроведување на законот;
- Парламентите и државните службеници кои работат во парламентите и Законодавно-правните совети;
- Професионални и трговски здруженија што ги претставуваат социјалните партнери, како и претставници на синдикатите и здруженијата на работодавачи;
- Толкувачите, преведувачите и рецензентите на правните текстови;
- TAIEX не нуди совети за приватни лица и приватни фирми.

TAIEX не дава директна поддршка на граѓани, или на поединечни компании.

  • P2P Програма

Во 2008, програма наменета за граѓанското општество - the People to People programme (P2P) (луѓе за луѓе) исто така беше промовирана во рамки на TAIEX инструментот, како една од компонентите на новaтa “Помош за граѓанското општество” (Civil Society Facility -CSF) на Генералниот директорат за проширување (DG ELARG), со цел зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократскиот процес.
Претставници на различни организации на граѓанското општество од Република Македонија веќе беа поканети и учествуваа на повеќе студиски посети на институциите на ЕУ, како и на релевантни невладини организации под чадорот на ЕУ и други национални и интернационални организации во рамките на Европската Унија со цел нивно запознавање со големиот корпус на политики програми, иницијативи и стекнување на најдобра практика на Европската Унија.

Повеќе информации за P2P програмата, и за начинот на аплицирање можете да добиете на следниве линкови:

http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/Civil_Society_and_EU/P2P_Programme.htm

http://ec.europa.eu/enlargement/taiex/p2p/index_en.htm

Помош за локалната администрација (Local Administration Facility – LAF)

Новото проширување на TAIEX инструментот е наменет за локалната администрација (LAF). Со ова се дава можност на локалните и регионалните власти од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и раководната структура во Брисел. За време на овие настани, избраните лица ќе ги посетат институциите на ЕУ и ќе се сретнат со водечките претставници на локалните и регионалните власти во ЕУ. Целта е да се укаже на значењето на ЕУ и нејзината улога за локалните и регионалните нивоа на управување.

Комитетот на регионите и Генералниот директорат за проширување (DG ELARG) ќе ја координираат имплементацијата на LAF.

Првиот пилот настан ќе се одржи во Брисел од 9 – 11 Февруари, 2011 и ќе се фокусира на климатските промени и енергетските прашања.

TAIEX ги опфаќа следниве земји:

- Хрватска, Турција, Македонија;
- Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово;
- Заедницата на кипарските Турци во северниот дел на Кипар;
- Алжир, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Египет, Грузија, Израел, Јордан, Либан, Либија, Молдавија, Мароко, палестинските власти, Сирија, Тунис, Украина и Русија.

Апликации


Application form for TAIEX Expert Mission

Application form for TAIEX Study Visit

Application form for TAIEX Workshop

 

Презентација

TAIEX - (Technical Assistance Information Exchange Office) Presentation

Повеќе информации на www.taiex.be


Контакт:

Мбареса Истрефи Шаќири
02/3200-202
mbaresa.istrefi@sep.gov.mk

Сподели ја содржината!
ИПА 2007 - 2013
TAIEX
WBIF
EDIF
JASPERS
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.