Заменик
Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и Национален ИПА
координатор (НИПАК), Бујар Османи, заедно со Министерот за Образование, Арбер
Адеми, а во присуство и на Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи,
остварија посета на средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково. При посетата беше
остварен увид на лице место на искористеноста на проекти кои се изградени со
донација на ИПА средства од страна на Европската Унија, како и најава за новиот
повик за пријавување проекти за ИПА средства во делот на меѓуграничната
соработка меѓу Македонија и Косово.
„Средното училиште
Исмет Јашари е добар пример, како од повеќе извори е обезбедена соодветна
странска помош, и со условно мала интервенција од буџетот, успешно е реализиран
овој проект за изградба на главниот објект на средното училиште.“, изјави
Османи, посочувајќи ги притоа како главни извори директната италијанска помош
од 300 илјади евра, средствата до ИПА од 230 илјади евра, како и сопствените
буџетски средства од 220 илјади евра за заокружување на целиот проект.
Во продолжение
Османи ги посочи и на другите проекти кои се реализирани во оваа општина, како
што е патот меѓу двете брани за чија реализација се потрошени 450 илјади евра
ИПА средства, потоа Домот на културата во Липково, речното корито итн.
„Еден од
поважните примери за успешна реализација на ИПА средствата во оваа општина преставува
и граничниот премин Бељановце - Станчич, за чија реализација, која е во тек, се
одвоени еден милион и 200 илјади евра, т.е. по 600 илјади евра ИПА средства од
фондовите за прекугранична соработка меѓу двете земји, од Македонија и Косово“,
истакна Османи, посочувајќи притоа дека се работи за ГРАНТ, неповратни
средства, или странска помош.
„Тоа не се заеми
кои треба да ги враќаме, туку пари на даночните обврзници на земјите -
донатори, кои сметаат дека овие средства ќе имаат поважна намена во Република
Македонија, што претставува суштинска солидарност и европска вредност како
дополнителен поттик за нашите европски интеграции. “ - истакна Османи.
На крајот, Османи
укажа и на повикот за аплицирање за проекти за прекугранична соработка помеѓу
Македонија и Косово кој е отворен до 1 ноември 2018. Преку овој повик треба да
се реализираат проекти во висина од 175 до 350 илјади евра, кои се достапни за
општините, училиштата, младински, туристички и културни асоцијации, невладини
организации итн.
„Сакам да упатам
апел до сите заинтересирани страни, да бидат креативни, и во следните два месец
да поднесат проекти во интерес на унапредувањето на прекугранична соработка
меѓу Македонија и Косово, да си обезбедат средства за реализација на нивните
проекти, а воедно да обезбедат подобри услови за граѓаните од полошкиот,
скопскиот и од северозападниот регион, кои се подобни да аплицираат за овие
проекти “ - истакна Османи.