Новости
петок, 20 јули 2018 19:00
Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, г-а Калинка Габер престојува во работна посета на Брисел, во рамките на која оствари средби со директорката за Западен Балкан во Службата за надворешни работи на ЕУ, Анџелина Ајнхорст, директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија, ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера, шефот на кабинет на комсеарот за проширување Мајкл Карничниг, раководителот на одделение во ДГ НЕАР, Дејвид Кулен, како и со други претставници на телата на Европската Унија.
За време на средбите фокусот беше ставен на активностите кои треба да се преземат во претстојниот период во насока на подготовка за скринингот, новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос Договорот со Грција како и за останати теми поврзани со европските интеграции на Република Македонија.
Работната посета на Брисел на ДС Габер се случува
во многу важен момент за Република Македонија, односно непосредно по
официјалната посета на Комесарот Хан на Македонија, и во момент кога треба да
се операционализира начелниот план за скрининг процесот како подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
За време на средбите ДС Габер потенцираше дека паралелно со подготовката за скрининг, фокусот на Владата е и на задржување и продлабочување на позитивниот реформски импулс и испорака на конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација, борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите останати клучни области.
Во контекст на скрининг процесот, ДС Габер за време на разговорите додаде
дека и покрај комплексноста и обемноста на процесот, Секретаријатот за европски
прашања и администрацијата со своето долгогодишно искуство, акумулирано и преку
имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, и воспоставена
инфраструктура се спремни да одговорат на сите предизвици.