На 23.05.2018 година претставници на
Секретаријатот за европски прашања предводени од Драган Тилев, шеф на Кабинет и
државен советник остварија работна средба со директорот Џеват Кицара и
претставник на Институтот за стандардизација на Република Македонија.
На состанокот се разговараше за работата на
Институтот и активностите кои се планира да се преземат во наредниот период во
однос на препораките од последниот на
Извештајот на Европската комисија за
Македонија.
Во таа насока директорот Кицара информираше
дека се подготвува Акциски план со кој
треба да се овозможи зголемување на продажбата на стандардите, како и развој
на сертификацијата во земјата, а со тоа да се подобри и приливот средствата во
буџетот на Институтот. Ќе продолжи процесот на воведување на еврокодовите во
земјата.
Тилев потенцираше дека активностите кои ги посредува
Институтот се тесно поврзани со областа на внатрешен пазар, пристапноста и
безбедноста на пазарот и се следат со особен интерес од страна ЕК. Токму затоа, СЕП во рамките на своите
надлежности е подготвен да обезбеди целосна поддршка на активностите на
Институтот.