Меѓународни финансиски институции
Институционална поставеност
Групацијата на Светска банка е една од светските водечки институции во борбата против сиромаштијата и подобрувањето на стандардите за живеење на луѓето во земјите во развој. Таа е развојна банка која обезбедува заеми, советодавна поддршка за политики, техничка помош и услуги насочени кон размена на знаењето. Светска банка не е „банка“ во вообичаената смисла на зборот. Таа е една од специјализираните агенции на Обединетите нации, која има 184 земји-членки. Заедно со останатиот дел од развојната заедница, Светска банка ги фокусира своите напори на остварување на милениумските развојни цели, договорени од членките на ОН во 2000 година и насочени кон одржливо намалување на сиромаштијата (www.worldbank.org).
Групацијата на Светска банка (www.worldbankgroup.org) се состои од пет тесно поврзани институции.
Терминот „Светска банка“ особено се однесува на ИБРД и на ИДА.
Светска банка ја поседуваат нејзините 184 земји-членки како акционери. Бројот на акции што може да ги има една земја се заснова приближно на големината на нејзината економија. Владите коишто се акционери во Светска банка се застапени од страна на Одборот на гувернери, како главен креатор на политиките, кој делегира специфични задачи на 24 извршни директори.
Претседателот на Банката претседава со состаноците на Одборот на директори и е задолжен за целокупното управување со Банката. Во рамките на нејзините активности во светот, Банката има три вида канцеларии.
Акциониот план на Светска банка со кој се утврдуваат програмите и приоритетите во одредена земја е познат како Стратегија за помош на земјата (ЦАС) или Стратегија за партнерство со земјата (ЦПС). Документите, главно, опфаќаат период од 3 до 4 години, а владата и претставниците на граѓанското општество учествуваат во нивната подготовка. Плановите на Банката за помош на нискодоходни земји се засноваат на Стратегијата за намалување на сиромаштијата (ПРСП). Во документите се опишуваат макроекономските, структурните и социјалните политики и програми на земјата со цел поттикнување на порастот и намалување на сиромаштијата, како и потребите за надворешно финансирање.
При подготовката и спроведувањето на стратегиите за развој, Светска банка следи четири принципи.
Банката има два основни вида инструменти за давање заеми:
Инвестициските заеми се долгорочно фокусирани (од 5 до 10 години) и со нив се финансираат стоки, работи и услуги со цел поддршка на проектите за економски и за социјален развој во голема низа сектори.
Заемите за развојни политики се краткорочно фокусирани (од 1 до 3 години) и обезбедуваат брзо надворешно финансирање во поддршка на политиките и институционалните реформи.
Групацијата на Светска банка нуди ограничен број грантови за олеснување на проектите за развој. Постои широка низа на механизми преку кои Банката ги доделува грантовите: Развојни пазарни услови, Олеснувања за развојни грантови, Грант средства за граѓански организации, Глобален фонд за заштита на животната средина (ГЕФ), Инфодев, Јапонски фонд за развој на политики и човечки ресурси (ПХРД), Јапонски фонд за развој на социјалниот сектор, Мултилатерален фонд за спроведување на Протоколот од Монтреал, Програма за мали грантови, Официјално кофинансирање и доверителски (труст) фондови.
Светска банка развива и финансира проект по барање на владата на односната земја. По оценнување на изводливоста на проектот и на условите на заемот, следуваат преговори. Предлозите за заеми или за кредити за тие проекти потоа се доставуваат до Одборот на извршни директори на Светска банка за нивно одобрување. Заемот станува ефективен откако ќе го одбри парламентот или владата на односната земја. Важно е да се наведе дека спроведувањето на проектите го извршува соодветната владина институција, која се нарекува агенција за спроведување – спроведувач, одговорна за сите аспекти од спроведувањето на проектот, како што се ангажирање и избор на консултанти.
Проектниот циклус на проектите на Светска банка го вклучува следново: Стратегија за помош на земјата, фаза на идентификација, фаза на подготовка, фаза на проценка, фаза на преговори и одобрување, фаза на спроведување и супревизија, извештај за завршување на спроведувањето и фаза на оценка.
Светска банка во Република Македонија
За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad
Лицa за контакт од СЕП:
Јован Деспотовски
e-mail:jovan.despotovski@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 138
Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: 3200 243