Новости
четврток, 28 декември 2017 13:55
Денес, на 26.12.2017 година, вторник, во просториите на Секретаријатот за Европски прашања на Р.Македонија, се одржа „Воведна обука за Европски фондови и можности за финансирање на проекти наменети за локална самоуправа“ со претставници од администрацијата на Град Скопје. Беа презентирани можностите и споделени научените лекции во спроведувањето на ЕУ фондовите и разгледани можностите за идни соработки и вмрежувања.