ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Поддршка од Италија за европската интеграција на Република Македонија
15:45, четврток, 19 септември 2013

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска престојува во посета на Република Италија каде оствари средба со министерот за европски прашања Ензо Моаверо Миланеси и заменик претседателот на Собранието на Република Италија г-ѓа Марина Серени.
Вицепремиерот Бесими се осврна на статусот на реализација на активностите поврзани со процесот на европска интеграција при што акцентот беше ставен на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво.
При тоа Бесими истакна дека во изминатиот период се покажани значајни резултати во различни области во активностите за реформи во поглед на остварувањата на обврските кои произлегуваат од Пристапниот Дијалог на Високо Ниво.
Вицепремиерот Бесими информираше и за заклучоците и препораките од Извештајот кој го усвои ад хок Комисијата за настаните од 24 Декември, како и за потпишаниот Меморандум за поддршка на членството на Република Македонија во Европската Унија, кој го потпишаа политичките партии, а кои како обврска произлегуваат од Договорот од 1 Март.
На средбата стана збор и за меѓусебната соработка и областите во кои Македонија може да го искористи италијанското искуство во делот на европската интеграција.
„Имајќи ги предвид резултатите постигнати во изминатиот период очекуваме, напредокот соодветно да биде забележан во есенскиот Извештај на Европската комисија. Покрај тоа, земјата ќе продолжи и со унапредување на односите со земјите од соседството и регионот при што фокусот останува на решавање на отворените билатерални прашања. Убеден сум дека Италија како искрен пријател на нашата земја ќе продолжи да ја поддржува европската интеграција на Македонија“, посочи Бесими.
 

Сподели ја содржината!
Новости
Соопштение за Регистрација на проекти согласно превентивните мерки за заштита од COVID-19
Превентивни мерки на СЕП за заштита на вработените од COVID-19
ОСМАНИ: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА
ОСМАНИ: СМЕТАМ ДЕКА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСKО ЗА НАС
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.