ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Брифинг на Бујар Османи во Секретаријатот за европски прашања на тема Планот 3-6-9+ ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е ШИРОК ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ОД ПЛАНОТ 3-6-9
12:36, петок, 24 ноември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа брифинг со новинарите на кој беше презентирана содржината на Планот 369+, предвидената динамика за неговата имплементација, како и значењето на Планот за Република Македонија во контекст на севкупните европски и евроатлантски интегративни процеси.

На почетокот, Вицепремиерот Османи изрази задоволство од имплементацијата на првиот дел од Планот, делот три, за кој, како што наведе Османи, постои задоволителна исполнителност од над 80% од предвидените мерки и активности. „Планот 3-6-9 го крунисавме со одржување на фер, слободни и кредибилни избори, што беше една од главните цели на Планот “ истакна Османи, додавајќи дека потврда за тоа се извештаите на сите релевантни институции кои го следеа изборниот процес, меѓу кои секако е и ОБСЕ/ОДИХР.

„По завршувањето на изборите, Владата повторно агресивно се врати на реформската агенда, и деловите шест и девет од Планот 3-6-9 веќе се ставени во агенда за имплементација“ изјави Османи. Тој потенцираше дека Планот 3-6-9+ претставува единствена целина, во која се содржат сите реформски обврски на Република Македонија, а кои потекнуваат од забелешките, препораките и сугестиите од страна на Европската Комисија, Венецијанската комисија, ГРЕКО и сите други релевантни меѓународни институции кои вршат оценка на состојбите во Република Македонија. „По имплементацијата на деловите шест и девет, не очекувам да имаме нов дел 12, туку одлука за започнување преговори со Европска Унија и покана за членство во НАТО“, изјави Османи.

Османи ги потенцираше и реформите во приоритетните области, за кои Владата презеде обврска да ги имплементира заклучно со февруари 2018 година, пред излегување на стратегијата за проширување на Европската Комисија, која ја најави Претседателот на Комисијата Жан Клод Јункер. Тоа се реформите на безбедносните служби, Реформите во правосудството, како и реформите на јавната администрација. „Мора да обезбедиме законска, правна и организациона рамка во која ќе ја спречиме можноста за злоупотреба на безбедносните служби, да ја зајакнеме независноста и ефикасноста на судството, но и да ја ослободиме администрацијата од политички влијанија и да поставиме систем за нејзина професионализација“, изјави Османи. Тој ги потенцираше и приоритетните реформи во секоја од областите на кои веќе се работи како што е усвојувањето на стратегијата за реформи во Правосудството, укинувањето на Советот за утврдување на факти и одговорност на судии, зајакнување на надзорната улога на Собраниските комисии врз безбедносните служби итн.

Османи потенцираше дека следи многу активен период на имплементација на овие реформи, за кои, тој побара вклучување на сите активни општествени чинители, граѓанскиот сектор, експертите во соодветните области, а особено опозицијата, укажувајќи на контекстот во кој се наоѓаат евроатлантските интеграции на Република Македонија.

„2018 година претставува историска шанса за Република Македонија за затворање на прашањето за ЕУ и НАТО. Оваа шанса не смееме и не треба да ја пропуштиме, затоа што тоа ќе претставува историска грешка“ – изјави Османи. Тој додаде дека клучни се следните 6 недели, кои ќе ја детерминираат судбината на следните шест месеци, кои пак, претставуваат историска шанса за евроатлантските интеграции.

Сподели ја содржината!
Новости
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.