ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба Османи- Корчок ОСМАНИ: ПЛАНОТ 3-6-9 НЕ ПРЕДВИДУВА ПРОДОЛЖЕТОК СО ДЕЛ 12, ТУКУ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
18:16, четврток, 09 ноември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес оствари средба со Иван Корчок, државен секретар и вршител на должноста министер за надворешни и европски работи на Република Словачка.

На средбата се беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, која беше оценета како солидна, при што беа посочени и областите во кои истата може да се продлабочи. Вицепремиерот Османи ја потенцираше потребата на Република Македонија за унапредување на капацитетот за апсорпција на фондовите на ЕУ, нешто за што, искуствата на Република Словачка,  како лидер во искористувањето на овие фондови во регионот, може да биде од исклучително значење за Република Македонија.

Во поглед на евроинтегративниот процес на Македонија, Османи изрази задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Словачка, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група. Османи му ја презентираше на Корчок досегашна имплементацијата на Планот 3-6-9, како и посветеноста на Владата во целост да ги реализира сите препораки, барања и забелешки од страна на европските пријатели. „Планот 3-6-9 претставува единствена целина на неговите три дела и во него ги имплементираме сите релевантни забелешки и препораки кои се нотирани како пречка за нашите евроатлантски интеграции. Наша цел е согласно успешната реализација на последниот дел од Планот, делот девет, да не влеземе во ново продолжение со нов дел 12, туку со започнување преговори“  истакна Османи на средбата. Тој изрази благодарност и за отпочнувањето на проектот „Национална конвенција за Европската Унија во Република Македонија“, кој беше отворен вчера, а се реализираше и со поддршка на словачкиот амбасадор во земјава.

Во текот на средбата Вицепремиерот Османи и Министерот Корчок се осврнаа и на поддршката на Словачка за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, што е од особено значење за европската перспектива на регионот, а беше потврдена со усвоената Заедничка декларација од страна на министерствата за надворешни работи на Вишеградската група и министерствата за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, потпишана во Будимпешта.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи - Иванов ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО ВО 2018 ГОДИНА
Средба Османи - Калавера во Брисел ОСМАНИ: СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА МАСТЕР ПЛАНОТ ОЧЕКУВАМ ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СРЕДСТАВАТА ОД ИПА
ОСМАНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО БРИСЕЛ ОСМАНИ: „ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9 ВОДИ КОН ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“
Османи и Димитров во Брисел на средба со Могерини ОСМАНИ: БЕЗ МАКЕДОНИЈА НЕ Е МОЖЕН КРЕДИБИЛЕН ПРОЦЕС НА ПРОШИРУВАЊЕ НА УНИЈАТА
Османи и Димитров во Брисел на средба со Јоханес Хан ОСМАНИ: ВО 2018 ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА КОНЕЧНО ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.