ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: Проширувањето со земјите од Западен Балкан ќе донесе стабилност за целиот регион
15:53, четврток, 02 ноември 2017
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, имаше средба со новоназначениот амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

„Високо ја ценам шпанската поддршка за евроатлантските аспирации и за отпочнување на пристапните преговори на Македонија, како и генералниот став на Шпанија за поддршка на проширувањето на земјите од Западен Балкан, кое ќе донесе стабилност на целиот регион и ќе ги отвори вратите за соработка на повеќе полиња, што секако е во интерес и на одржувањето  стабилност на цела Европа“, истакна Вицепремиерот Османи на почетокот на средбата. Османи изрази задоволство од билатералната соработка меѓу Македонија и Шпанија и со Амбасадорот се согласија дека неопходно е во претстојниот период да работат на понатамошно зајакнување на соработката меѓу земјите на повеќе нивоа, со интензивирање на посетите на високо ниво, а останува отворена можноста и за билатерална помош од Шпанија.

На средбата Вицепремиерот Османи го информираше Амбасадорот Сера за текот на реформскиот процес за европска интеграција на земјата. Тој посочи дека слободните, фер и кредибилни локални избори претставуваат круна на делот 3 од Планот 3-6-9, особено, имајќи го предвид фактот што поголемиот дел од мерките предвидени во овој дел беа во насока на спроведувањето на слободни, фер и кредибилни локални избори. Овие заклучоци за изборите беа потврдени и од меѓународната мисија ОБСЕ/ОДИХР, како и од сите останати релевантни меѓународни и домашни набљудувачи.
Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок за Нацрт Планот 18
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ИМПЛИЦИРААТ ДЛАБОКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ЗА ШТО СЕКОЈА ПОМОШ НИ Е ДОБРЕДОЈДЕНА
15-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Скопје, 19-20 јуни 2018 година
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД НОРВЕШКА ЈА ОЧЕКУВАМ И ЗА ВРМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА
ОСМАНИ: ИСКУСТВАТА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА ЌЕ ГИ СПОДЕЛИМЕ И СО НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СОСЕДИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.