ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ТАРГЕТИРАНАТА ПОДДРШКА НА УСАИД ИМА ВИСОК ИПАКТ ЗА РАЗВОЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
10:37, сабота, 16 септември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, одржа состанок со новиот постојан претставник на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери.

На средбата Вицепремиерот Османи му го презентираше на Атебери Секретаријатот за европски прашања, нотирајќи ги надлежностите на Секретаријатот и својата политичка агенда.  Тој го посочи моменталниот фокус на Владата на РМ,  но и на СЕП, во подршка на реформискиот процес преку Планот 369 и Мастер планот за ИПА.   

Постојаниот претставник на УСАИД, Атебери, пред Вицепремиерот Османи го презентираше портфолиото на УСАИД со сите области и конкретни проекти што се спроведуваат во Република Македонија и притоа потенцираше дека УСАИД целосно ја поддржува македонската влада за унапредување на процесите за евро- атлантска интеграција.  Атебери истакна дека УСАИД е партнер на Република Македонија во последните 25 години, а главните три области на кои делува УСАИД се демократија и владеење, економски раст и образование во кои се во тек повеќе проекти. 

Вицепремиерот Османи и г. Атебери се согласија дека донаторската подршка е секогаш добредојдена во финансирање на реформските процеси на Владата на Република Македонија, заради скапите инвестиции во човечки капитал и инфраструктурата.  Двајцата соговорници на обострано задоволство се согласија околу принципите на идната соработка, истакнувајќи ја важноста на донаторската координација која е во надлежност на СЕП. 

На крај беше истакнат интересот на двете страни да соработуваат интензивно за наредната Развојна стратегија на УСАИД за Република Македонија која треба да се доврши до крајот на 2017 година а се договорија и за редовната координација и размена на искуства во области каде УСАИД има компаративни предност во испорачување на потребната подршка на РМ .
Сподели ја содржината!
Новости
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.