ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ НА СРЕДБА СО ХАНТКЕ: ПОТРЕБНА Е ПОДДРШКА НА ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ПРАШАЊАТА ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС
12:39, четврток, 07 септември 2017
800x600 Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи имаше средба со Директорот на Фондацијата Фридрих Еберт Штифтунг во Македонија, Франк Хантке.

Средбата меѓу Османи и Хантке следува по неодамнешната посета на Вицепремиерот во Берлин на покана на германскиот Министер Михаел Рот, каде оствари средба и со Александар Калвајт, раководител за меѓународна соработка при фондацијата Фридрих Еберт.

Вицепремиерот Османи на средбата накусо го информираше Директорот Хантке за реализацијата на Планот 3-6-9, во однос на спроведените реформи за унапредување на процесот на европска интеграција на земјата, се осврна и на постигнатиот напредок во добрососедските односи на земјава кои се видливи со потпишаниот Договор за добрососедство со Бугарија, посетата на грчкиот Министер Коѕиас во Македонија која е исто така сигнал за позитивниот развој на добрососедските односи со Грција, но и подобрувањето на меѓуетничките односи во земјава со усвојувањето на предлог- законот за употреба на јазиците.

Османи на средбата побара од Хантке поддршка од Фондацијата во спроведување на реформите на новата Влада кои се приоритетни во овој период, особено за поддршка на процесот на трансформација во областите на вклучување на граѓанското општество на повеќе нивоа и поддршка на граѓанскиот активизам, промовирање на социјалниот дијалог, европската интеграција на земјава и регионалната соработка со земјите од Западен Балкан, како и поддршка на дијалогот помеѓу политичките чинители за постигнување консензус по прашањата кои се од големо значење за Македонија. Притоа, Вицепремиерот Османи изрази задоволство од досегашнното функционирање на Фондацијата Фридрих Еберт, која постои во земјава од 1996 година и со тоа претставува стабилен и доверлив партнер за соработка.
Сподели ја содржината!
Новости
ЗПВ Димитров на средба со Генералната секретарка на РСС, Брегу: „ За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста“
ЗПВ Димитров: „Новата Методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме"
ЗПВ Димитров: „Во ова клучно време во процесот на интеграција во ЕУ, од исклучителна важност е поддршката од нашите билатерални партнери"
Димитров: „Од Грција очекуваме поддршка и помош на европскиот пат“
ЗПВ Димитров на средба со раководството на Стопанската комора на Македонија: „Воспоставувањето на соработка со Стопанската комора на Македонија и со бизнис заедницата е еден од столбовите на кои ќе почива успешноста на преговорите
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.