ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Официјална посета на Заменик Претседателот Бесими на Република Хрватска
14:57, понеделник, 26 август 2013

На 26 август 2013 во рамки на неговата еднодневна официјална посета на Република Хрватска, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими оствари средба со заменик претседателот и министер за надворешни и европски работи на Владата на Република Хрватска, г-ѓа Весна Пусиќ.
Честитајќи и го полноправното членство на Република Хрватска во Европска Унија, Заменик претседателот Бесими нагласи дека искуството на државите кои го минале патот на исполнување на обврските за полноправно членство, а особено најсвежите, како што е искуството на Хрватска во изминативе 7 години, е многу важно и корисно за Република Македонија.
Разговарајќи за досегашната соработка помеѓу Република Македонија и Република Хрватска, потврдена со средби на високо ниво, како и со потпишување на неколку билатерални спогодби вклучувајќи ја и спогодбата за Евро-атлантско партнерство, беше истакната подготвеност за интензивирање на соработката и размена на искуства во процесот на Европска интеграција. Хрватското искуство ќе биде добредојдено во процесот на усогласување на националното законодавство со европското законодавство, особено во поглавјата каде Хрватска има изградена значајна експертиза. Заменик претседателот Бесими ги искажа очекувањата за натамошна поддршка на процесот на европска интеграција на земјата од страна на Република Хрватска.
Во рамки на посетата, Заменик претседателот Бесими оствари средба и со градоначалникот на Загреб г-дин Милан Бандиќ. На средбата, во пријателска атмосфера се споделија искуства околу ефектите кои процесот на европска интеграција ги имал врз развојот на градот Загреб, како и активностите кои се преземаат околу унапредување на мобилноста, мулутикултурализмот, почитување на различноста, како и партиципацијата и одговорноста на различните етнички заедници кои живеат во Загреб во развојот на градот.
Заменик претседателот Бесими се сретна и со македонската и албанската заедница кои живеат и работат во Република Хрватска. Средбата, на која присуствуваа високи претставници од различни сфери на животот и здруженија имаше за цел дискусија околу нивната интеграција во Република Хрватска како и нивната поврзаност со нивните семејства во Република Македонија. Вицепремиерот Бесими ги информираше претставниците за последните случувања во Македонија како и за напорите и напредокот на земјата во процесот на Евро-интеграција.
Во рамки на неговата посета, во попладневните часови, вицепремиерот Бесими ќе се сретне и со претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ, со кого се очекува да се дискутира за искуствата, соработката и поддршката на Република Хрватска за интеграција на Република Македонија во Европска Унија.

 

Сподели ја содржината!
Новости
Соопштение за Регистрација на проекти согласно превентивните мерки за заштита од COVID-19
Превентивни мерки на СЕП за заштита на вработените од COVID-19
ОСМАНИ: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА
ОСМАНИ: СМЕТАМ ДЕКА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСKО ЗА НАС
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.