ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Османи на средба со Иванов: ПОТРЕБНО Е ПОЛИТИЧКО ЕДИНСТВО ЗА СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
15:08, понеделник, 31 јули 2017

Денес, Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, во Вилата Водно, оствари средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

 

На средбата беа отворени актуелните политички прашања, кохабитацијата меѓу Владата и Претседателот на државата, како и односите меѓу политичките претставници и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

 

„Иако наша партиска определба останува принципот на етничка консензуалност при изборот на следниот Претседател на Република Македонија, подаваме рака за остварување на единство, консензус и поддршка за реформите потребни за нашите европски и евро-атлантски интеграции. Инклузивноста е важна за да обезбедиме постабилна и поредовна кохабитација меѓу Владата и Претседателот на Република Македонија, со што би се обезбедила поефикасна и постабилна функционалност на политичкиот систем.“  - истакна Османи по средбата.

 

На Средбата, Вицепремиерот Османи го претстави Планот 3-6-9, и го информираше Претседателот за текот и начините на кој се остварува имплементацијата на реформските мерки. Тој побара поддршка од Претседателот Иванов за имплементација на мерките и реформите од Планот 3-6-9, како и остварување на политичко единство по клучните политички прашања, како што се договорот со Бугарија, но и новиот пристап во градењето доверба меѓу Македонија и Грција. „Меѓу другото, особено внимание посветив на експликација на делот од Планот поврзан со меѓуетничките односи, т.е. новиот предлог закон за употреба на јазиците. Покрај поддршката и за останатите мерки од Планот 3-6-9, од Претседателот Иванов побарав поддршка и за новиот закон за употреба на јазиците.“- додаде Османи, истакнувајќи дека очекува поддршка за новиот закон за употреба на јазиците и од опозициската ВМРО –ДПМНЕ, со што би се постигнал политички и меѓуи-нституционален консензус за ова важно прашање.
Сподели ја содржината!
Новости
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
Средба на ЗПВ Димитров со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со новоименуваниот евроамбасадор во земјава, Дејвид Гир
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.