Новости
среда, 16 август 2017 09:56
По повод прославувањето на Денот на Европа, Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми и амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Вилем Вутер Пломп денес одржаа предавање за студенти кои студираат на универзитетите во Република Македонија и се заинтересирани за европските студии.
Предавањето беше одржано во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, а го отвори проф. д-р Замир Дика, Ректор на Универзитетот на ЈИЕ. Студентите слушнаа инспиративни предавања на тема „Иднината на ЕУ 2025 и од аспект на Република Македонија“, а исто така имаа можност да се вклучат интерактивно со поставување прашања на предавачите.