Новости
понеделник, 20 февруари 2017 13:04
Денес во просториите на Секретаријатот за европски
прашања се одржа состанок за започнување на регионалниот проект “Техничка помош за
поддршка на агендата за поврзување –CONNECTA” (7 милиони евра).
На состанокот беа присутни проектниот тим на
Регионалниот проект КОНЕКТА во состав од тим лидерот Крис Германакос- експерт
за транспорт, заменик тим лидер Костас Георгиоу- експерт за транспорт и Оле Јохансен-
експерт за енергетика, како и претставници од СЕП, МФ, Кабинет на ЗПВРМ за
економски прашања, Кабинет на Претседателот на ВРМ и ДЕУ.
Состанокот го водеше Државниот секретар Ана
Блажеска која истакна дека овој проект е многу важен и од големо значење за нас
бидејќи преку КОНЕКТА се очекува подршка за зајакнување на агендата за
поврзување за т.н. меки мерки во секторот транспорт, но и пофлексибилна мобилизација на техничка
помош за инфраструктурните проекти, прилагодена согласно реалните потреби на
земјите кориснички во секторите транспорт и енергетика.
На крајот на средбата Државниот секретар изрази задоволство од соработката меѓу Република Македонија и Европската Комисија, која се одвива на партнерски однос на секое ниво.