Новости
вторник, 14 февруари 2017 13:03
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за европски прашања, Арбр Адеми, денес во просториите на Министерството за надворешни работи имаше свое обраќање на средбата на министерскиот пленарен состанок на земјите од Западен Балкан.
На средбата покрај министрите за надворешни работи и министрите за енергетика на земјите од Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес, учествуваа и Еврокомесарот за проширување и соседска политика г-дин Јоханес Хан, италијанскиот Државен потсекретар за надворешни работи г-дин Винченцо Амендола и Генералниот секретар на Советот за регионална соработка г-дин Горан Свилановиќ.