Новости
среда, 18 јануари 2017 16:23
Државниот секретар Ана
Блажеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција г-дин Н.Е. Кристиан Тимоние.
На состанокот, на самиот
почеток, соговорниците дадоа видување кон актуелните случувања во двете земји
како и осврт кон состојбите во регионот и пошироко.
Понатаму, во фокус на
разговорот беа билатералните односи, при што Амбасадорот ја потврди заложбата
за одржување на нивото на воспоставената соработка меѓу двете земји.
При тоа, се разговараше за експертизата
која Секретаријатот за европски прашања од Република Франција ја добива и беа дефинирани
предлози за натамошно подобрување на условите за испорака и искористување на
понудената помош на ова поле.
Државниот секретар изрази
задоволство од досегашата соработка и воедно истакна дека особено внимание се
посветува на визибилноста (видливоста) на остварената соработка, пред сè во
рамките на користењето на европските фондови. Имено реализирани се два видео
материјали со цел промоција на ИПА фондовите и програмата Еразмус+. Овие видео
материјали сите заинтересирани би можеле да ги погледнат на следните линкови:
https://www.youtube.com/watch?list=PLyImywvbyCauHNxSgjgwUb58SwyeFqJcN&v=YwFLfqGk_To
https://youtu.be/KcCMoPFAcpA?list=PLyImywvbyCauHNxSgjgwUb58SwyeFqJcN
На самиот крај и двете страни
ги потврдија своите заложби за продолжување и продлабочување на соработката.