Новости
среда, 23 ноември 2016 09:40
Денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа презентација на тема „Вовед во процесот на европската интеграција и во подготовката на националната верзија на правото на Европската Унија.
Презентацијата ја отвори, г-ѓа Ана Блажеска, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања, која ги поздрави студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“и притоа објасни дека целта на презентацијата е запознавање на студентите од катедрата за превод и толкување со работата на Секретаријатот за европски прашања, особено со процесот на подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија.
Преку овој настан, студентите имаа можност, одблиску, да се запознаат со начинот на работа на секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire, чекорите во процесот на преведување, јазичната ревизија и терминологија, како и предизвиците кои произлегуваат од координативната функција на секторот за интеграција, при усогласување на работата на органите на државната управа, другите органи и институции за подготовка на Република Македонија за членство во Европската Унија.