ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба на вицепремиерот Адеми со Генералниот секретар во австриското Министерство за надворешни работи Линхарт
17:20, вторник, 15 ноември 2016

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Арбр Адеми, денеска во просторите на Секретаријатот за европски прашања, оствари средба со Генералниот секретар во австриското Министерство за надворешни работи, г-дин Мајкл Линхарт.  

На средбата се разговараше за процесот на европска интеграција на Република Македонија, при што Вицепремиерот Адеми ја истакна важноста на овој Извештај на Европската комисија која и овој, осми пат по ред, останува на ставот за спремноста и потребата Македонија да ги започне пристапните преговори со Европската Унија. Во овој правец вицепремиерот го информираше Линхарт дека од страна на Секретаријатот за европски прашања  е подготвена и детална анализа во однос на наодите дадени во Извештајот, која понатаму ќе биде предмет на поширока и инклузивнa дебата. 

За време на средбата соговорниците посебен акцент ставија на организирањето  на демократски и кредибилни избори на 11 декември, чии резултати треба да бидат широко прифатени, со што би се создале услови,  земјата конечно да излезе од долгата политичка криза и да се фокусира на неопходните реформи. 

 По изборите нашиот фокус треба да се стави на целосната имплементација на Пржинскиот договор, поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, реализација на Итните реформски приоритети и сите обврски кои произлегуваат од него, како и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, кој и понатаму останува камен темелник за нашата евро-атлантска иднина, истакна Адеми. 

Двете земји имаат одлична билатерална соработка на политичко, економско и секторско ниво, а Австрија и понатаму останува силен поддржувач на Република Македонија преку различните проекти за соработка. 

Особено беше истакната позитивната улога која Македонија ја одигра и се уште ја има во справувањето со миграцискиот притисок и спречување на нелегалните движења преку земјата.  

На крајот, соговорниците истакнаа дека соработката помеѓу Република Македонија и Австрија, ќе продолжи во насока на понатамошно подобрување на состојбите и реализација на реформите во сите општествени сфери, и особено поддршката во евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Сподели ја содржината!
Новости
Средба на Димитров со советникот на Меркел: Одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство ќе биде огромен поттик да ја изодиме клучната етапа од патот кон членство во ЕУ
ЗПВ Димитров во Берлин на средба со советникот за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Багер
Средба на ЗПВ Димитров со хрватската амбасадорка Тигањ
Средба на ЗПВ Димитров со австрискиот амбасадор Вуцас
Вицепремиерот Димитров во работна посета на германското претседателство со ЕУ ​
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.