Новости
понеделник, 31 октомври 2016 17:13
Денес во просториите на СЕП се обележа отпочнувањето на лесниот твининг „Дополнителна поддршка за зајакнување на ЕУ и ИПА капацитетите на Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања“.
На отворањето свое воведно обраќање имаа Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми, г. Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ и г. Марко Акватичи од Германската Амбасада, а проектот пред присутните го презентираше г-ѓа Даниела Хајд, експертка од Сојузна Република Германија. „Главната цел на овој лесен твининг проект е зајакнување на капацитетите на Центарот за обука на СЕП во управување со циклусите за обука, подобрување на институционалниот капацитет на СЕП, професионалниот капацитет на административните службеници кои работат во областа на прашањата поврзани со ЕУ и ИПА, како и поддршка на водечката улога на СЕП во процесот на понатамошна подготовка за прием на Македонија во ЕУ“, истакна Адеми.
Овој проект е финансиран од страна на Европската унија преку ИПА ТАИБ 2012 во износ од 250.000 евра. Твининг партнер на овој проект е Сојузна Република Германија.