Новости
петок, 21 октомври 2016 14:26
Секретаријатот за европски прашања денес беше домаќин на конференцијата на тема „Подготовка на националната верзија на праото на Европската унија- тековна состојба и предизвици“, која се оржа во рамките на твиинг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на интеграција во ЕУ“.
Конференцијата ја отвори државниот секретар за европски прашања Ана Блажеска, а на конференцијата имаа свои обраќања и презентации хрватските експертки Милјенка Прохаска Краговиќ и Ана Рошиќ. Во своето обраќање Блажеска истакна дека процесот на преведување е од суштинска важност за граѓаните на Република Македонија и затоа треба активна соработка меѓу институциите, академијата и граѓанскиот сектор за да се обезбеди квалитетен превод на актите од сите области на европското законодавство.
На конференцијата беа презентирани досегашната работа на Секторот за подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, како и хрватското искуство во оваа област, а присуствуваа претставници на надлежните министерства и институции на државната управа, претставници на граѓанските организации, универзитети и други институции кои се занимаваат со научна и истражувачка дејност.
Една од главните активности од самото основање на Секретаријатот за европски прашања е процесот на подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, при што во текот на овој процес СЕП се соочува со двоен предизвик: првичен превод на законодавстото на ЕУ од една страна и крајниот производ – националната верзија на правото на ЕУ, од друга страна.