Новости
четврток, 13 октомври 2016 15:45
На 13 октомври 2016 год., четврток, со почеток во 13:00 часот, во конференциската сала на Секретаријатот за европски прашања, се одржи свеченост со која ќе се означи завршувањето на твининг проектот: Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европска интеграција“.
На настанот свое официјално обраќање имаа: г-дин Арбр Адеми, Заменик Претседател на Влада за европски прашања, г-дин Јаромир Левичек, Раководител на одделот за економски прашања, градење на институции и прекугранична соработка - Делегацијата на ЕУ во Скопје, г-дин Марко Аквитичи, Заменик Шеф на Мисијата на Сојузна Република Германија, г-а Данијела Баришич, Амбасадор на Република Хрватска, Н.Е. Јацек Мултановски, Амбасадор на Република Полска, г-дин Волф-Дитер Плесинг, проект лидер, Сојузно Министерство за економски прашања и енергија, г-дин Јован Андоновски, проект лидер, Државен Советник, Секретаријат за европски прашања и г-дин Војчех Порчик, постојан твининг советник. Проектот е финансиран од Европската Унија со буџет од € 1.7 милиони и ќе трае 22 месец, од 11 јануари 2015г. до 31 октомври 2016г.
Имплементатор на проектот е конзорциум составен од три земји: Германија, Полска и Хрватска. Клучниот корисник на твининг проектот е Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Работниот комитет за европски прашања – РКЕИ, како и членовите на сите работни групи за НПАА. Други институции кои ќе бидат поддржани од овој проект (секундарни корисници) се: Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за законодавство и Генералниот Секретаријат.
Целта на проектот е да се поддржи процесот на интеграција во ЕУ, преку зајакнување на капацитетите на СЕП во насока на обезбедување на поефикасна меѓуресорска координација во процесот на пристапување.
Намерата на проектот е да преку размена на искуства со земјите членки на ЕУ (твининг партнери) да ги зајакне капацитетите во поглед на усогласување со правото на ЕУ, подобро управување со процесот на преведување, координација и следење на ЕУ Фондовите и подобрување на меѓуресорската комуникација помеѓу клучните институции во процесот на пристапување. Исто така, во рамките на овој твининг проект се направи преглед на целокупната работа во изминатите десет години, утврдување на степенот на подготвеност на земјата за сите поглавја на acquis (правото на ЕУ), како и утврдување на области каде што ќе бидат потребни дополнителни напори односно подготовка на акциски планови.
На крајот од проектот, во оваа вежба ќе бидат вклучени над 800 државни службеници, членови на НПАА работните групи.
Во насока на јакнење на капацитетите проектот спроведе: обуки за повеќе од 500 учесници, организирање на студиски посети на четири групи со по 15 лица, како и остварување на еднонеделни стажирања во странство за 20 учесници и донираше 40 хард дискови за работните групи на НПАА.