Новости
петок, 05 август 2016 12:38
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми, денес оствари средба со Н.Е. г. Рамон Абароа Каранза, амбасадор на Кралството Шпанија во Република Македонија.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во евроинтегративниот процес на земјата, развојот на политичките случувања и во тој контекст, перспективите до крајот на годината. Вицепремиерот Адеми потенцираше дека и покрај моменталните состојби, во фокусот остануваат целосното и доследно реализирање на Договорот од Пржино и последниот Договор помеѓу четирите политички партии, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и натамошната имплементација на Итните реформски приоритети.
Вицепремиерот Адеми истакна дека очекуваме Шпанија, како пријател на регионот и Македонија, да продолжи со поддршка на евроинтегративниот процес. Тој исто така потенцираше дека добрите билатерални односи меѓу двете земји има простор понатаму да се унапредат, во областите на економска соработка и трговска размена, но и во други сектори, со можност и за потесна меѓуинституционална соработка со заеднички проекти.