ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими на десеттиот состанок на Советот за Стабилизација и Асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ
16:32, вторник, 23 јули 2013

На 23 јули 2013 г., Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ (Совет за СА) го одржа својот десетти состанок. На состанокот присуствуваше г. Фатмир Бесими, потпретседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања како и министерот за надворешни работи на Република Македонија г. Никола Попоски.  Делегацијата на ЕУ беше предводена од г. Линас Антанас Линкевичиус, министер за надворешни работи на Литванија, а во името на Високиот претставник Кетрин Аштон. На состанокот исто така присуствуваше и комесарот Штефан Филе.

Советот за СА потсети дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) останува суштинската основа за односите меѓу ЕУ и Република Македонија сè до нејзиното пристапување во ЕУ. Спогодбата обезбедува договорна рамка за заемна соработка според која се разгледува развојот на меѓусебните односи.

Советот за СА ја зеде предвид главната цел на Република Македонија и нејзината силна заложба за започнување на пристапните преговори, истовремено земајќи ги предвид препораките на Европската комисија за оваа цел. Советот за СА исто така го зеде предвид Извештајот на Комисијата од 16 април 2013 г., кој беше побаран од Советот за општи работи од декември 2012 г., во кој се изнесени оценките дека продолжува спроведувањето на реформите во контекстот на ЕУ интеграцијата, дека односите со соседите и натаму се добри и дека се преземени чекори во билатералните односи со Бугарија и Грција, како и во однос на прашањето за името.

Советот за СА ги разгледа клучните настани во претходниот период кои се однесуваат на исполнувањето на политичките критериуми, како и на состојбата во однос на економските критериуми, финансиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Советот за СА го поздрави напредокот во исполнувањето на обврските во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво, нагласувајќи ја важноста и натаму да се преземаат континуирани напори фокусирани на имплементацијата. Советот за СА ги зеде предвид резултатите од состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација одржан на 13 јуни 2013 г.

Во однос на политичките критериуми, Советот за СА ја подвлече важноста од конструктивен дијалог меѓу политичките чинители. Беше информирано за состојбата во однос на спроведувањето на договорот од 1 март, чија цел е разгледување на настаните во Собранието од 24 декември. Во врска со ова, Советот за СА ја нагласи потребата од целосно спроведување на сите елементи на договорот, што ја вклучува и работата на Анкетната комисија, потпишувањето на меѓу-партискиот Меморандум за разбирање за евро-атлантските стратешки приоритети, изборните реформи и дијалогот за состојбата во медиумите.

Советот за СА ги зеде предвид оценките на ОБСЕ/ОДИХР дека неодамнешните локални избори беа особено конкурентни и ефикасно спроведени во целата земја. ЕУ ја нагласи потребата во целост да се земат предвид оценките и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, вклучително и за балансирано медиумско покривање и одделување на државните и партиските активности. Во врска со ова, Советот за СА го поздрави продолжувањето на работата на Високиот управен комитет за изборни реформи, поздравувајќи ја исто така заложбата на Владата овој процес да биде транспарентен и да ги вклучи сите засегнати страни.

Советот за СА го поздрави првиот извештај на Владата за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор (ОРД) објавен на 11 април. Беше нагласена важноста вкупниот преглед на спроведувањето на ОРД да се заокружи ова лето, согласно предвиденото, а конечните препораки во однос на политиките во овој контекст да бидат спроведени.

Советот за СА ја разгледа состојбата во однос на слободата на изразување во медиумите и го зеде предвид напредокот постигнат со декриминализацијата на клеветата, како и соодветната обука на судството. Продолжувањето на тркалезните маси за состојбата во медиумите со здружението на новинари и други мерки за градење доверба, како клучна заложба од договорот од 1 март, е од суштинско значење. Во однос на нацртот на новиот Закон за медиуми, Советот за СА го поздрави проширувањето и продолжувањето на процесот на консултации, потсетувајќи на потребата да се земе предвид придонесот на засегнатите страни на национално ниво, како и советите од меѓународните организации.

Во однос на судството, Советот за СА го поздрави напредокот во подобрувањето на ефикасноста на судскиот систем и ја нагласи важноста на Академијата во однос на обуката на идните судии и обвинители. Советот за СА исто така забележа дека се потребни континуирани напори за јакнење на независноста на судството во праксата. Беше поздравен напредокот во развивањето на досие на резултати во борбата против корупцијата. Советот исто така ја зеде предвид систематската проверка на потенцијални конфликти на интереси. ЕУ ја нагласи важноста од продолжување на напорите за делотворно и неселективно спроведување на борбата против корупцијата.

Во однос на јавната администрација, Советот за СА ги зеде предвид тековните напори за воспоставување на нова законодавна рамка за државната и јавната администрација и за општата управна постапка, во склад со начелата на транспарентност, заслуги и правична застапеност. Важноста од натамошен напредок на полето на децентрализацијата и регионалниот развој беше исто така нотирана.

Делегацијата на ЕУ потсети дека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински дел од процесот на пристапување кон ЕУ.

ЕУ го поздрави континуираното активно учество и конструктивен приод на Република Македонија кон регионалната соработка, вклучувајќи ги и инцијативите во Југоисточна Европа, како што се Советот за регионална соработка и Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА). Конкретно, ЕУ го поздрави претседавањето на Република Македонја со Процесот на соработка во Југоисточна Европа во периодот од јуни 2012 г. до јуни 2013 г., коешто даде нов поттик на регионалната соработка. Советот за СА исто така го поздрави придонесот кон мисијата ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина и кон ЕУ Борбената група II/2012.

Советот за СА го разгледа напредокот во однос на исполнувањето на економските критериуми и функционирањето на пазарната економија. Советот за СА разговараше за макроекономските резултати од претходниот период и најновите случувања во областа на економијата, со фокус врз идните планирани реформи насочени кон унапредување на процесот на создавање на работни места и зајакнување на општата деловна средина. Делегацијата ЕУ ја нагласи важноста на капацитетите за управување и спроведување, како и управувањето со јавните финансии, повеќегодишното буџетирање и стратешкото планирање за сите сектори.

Советот за СА го забележа напредокот постигнат во идентификување на приоритетните сектори за идна помош од ЕУ во рамките на Стратешкиот документ 2012-2020 за Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). ЕУ ја поздрави заложбата за вложување на поголеми напори во зголемување на капацитетите за апсорпција на ИПА фондовите, преку подобрување на управувањето со фондовите на национално ниво, како и на системот на контрола и преку промовирање на развој на вештини во институциите инволвирани во ИПА.

Советот за СА го поздрави фактот што Република Македонија континуирано ги исполнува обврските од Сподогбата за стабилизација и асоцијација. Беше поздравено високото ниво на трговска интеграција, како и финализираните преговори за прилагодување на ССА по влезот на Хрватска во ЕУ.

Советот за СА потсети на предлогот на Комисијата за премин во втората фаза на спроведување на ССА, даден во октомври 2009 г., кој Советот сè уште го разгледува.
 

Сподели ја содржината!
Новости
Соопштение за Регистрација на проекти согласно превентивните мерки за заштита од COVID-19
Превентивни мерки на СЕП за заштита на вработените од COVID-19
ОСМАНИ: ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: СЕ ОСТВАРУВА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИТАЛИЈА ЗА БРЗО ВРАЌАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НАЗАД НА ЕУ АГЕНДАТА
ОСМАНИ: СМЕТАМ ДЕКА ХРВАТСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ЌЕ БИДЕ ИСТОРИСKО ЗА НАС
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.