ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Преговори
Преговори

Процесот на преговори за членство во Европската унија за Република Македонија ќе значи окончување на процесот на приближување кон Унијата, усвојување на нејзините придобивки и вредности, како и целосно приспособување на македонските институции кон функционирањето на институциите на Унијата. Преговорите, како обемен потфат кој се одвива со брза динамика, наложуваат целосна подготвеност на државните органи и институции и на структурите воспоставени за координација и водење на преговорите пред започнувањето на самите преговори.

Земјата кандидат којашто поднесува барање за членство треба да го прифати во целост правото на Европската унија (acquis), но за определени правни акти може да преговара за преоден период. Тоа значи дека Република Македонија ќе се обврзе во целост да го прифати правото на Европската унија со датумот на пристапување, со преодни периоди за определени акти - за што ќе се постигне согласност при преговорите.

За секоја земја кандидат се основа меѓувладина конференција (МВК - 10С), со одлука на Советот на ЕУ во која се дефинирани деталите поврзани со организацијата: место на одржување, формирање на секретаријат, покривање на трошоци за средби, како и фреквенцијата и нивото на одржување на средбите. Земјата-членка којашто претседава со ЕУ е претседавач на МВК, а Европската комисија е медијатор во процесот.

МВК се среќава на ниво на претседатели на делегации. Вообичаено е земјата кандидат да ја претставува членот на Владата на земјата кандидат кој ќе биде назначен за тоа и најмалку двапати годишно да има по една меѓувладина конференција. Посуштествените преговори се одвиваат на ниво на заменици на претседатели на делегации. Од страна на Европската унија на ова ниво се претставени постојаните претставници на земјите-членки во Европската заедница, а од страна на земјата кандидат - главниот преговарач и/или други високи службени лица на земјата кандидат.

Најголемиот и најтешкиот дел од работата - усогласувањето, односно подготовката на преговарачките стојалишта - се одвива на ниво на работни групи, т.е. меѓу работната група за проширување во Советот на ЕУ и работните групи на земјата кандидат за подготовка на преговорите по одделни поглавја.

Преговорите се одвиваат во повеќе фази

Сподели ја содржината!
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.