Новости
четврток, 12 мај 2016 16:09
На ден 11.05.2016 год. Секретаријатот за европски прашања оддрша презентација на тема: „Вовед во процесот на европска интеграција и во подготовката на националната верзија на acquis communautaire“ на која пред студентите од Катедрата за превод и толкување од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје беше презентиран кус преглед на односите помеѓу Република Македонија и Европската унија, беше опишан процесот на европска интеграција, целокупниот процес на создавање на националната верзија на правото на Европската Унија и неговото значње, координацијата, структурите и динамиката со која се одвива овој значаен процес.
На презентацијата особено внимание беше посветено на значењето на преведувачите и толкувачите во процесот на подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија како и нивното значење во процесот на преговори за членство.
Исто така, беше истакната и потребата од поголем број на високо квалитетни преведувачи и толкувачи за работа во институциите на Европската Унија во време кога Република Македонија ќе биде членка на Европската Унија и кога македонскиот јазик ќе стане еден од официјалните јазици во институциите на Европската Унија.