ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Презентацијата на Процедуралниот прирачник за терминологија
12:53, вторник, 05 април 2016

Денеска во Клубот на пратениците се одржа презентација на Процедуралниот прирачник за терминологија. На презентацијата на прирачникот воведно обраќање имаше Државниот Секретар на Секретаријатот за европски прашања г-ѓа Ана Блажеска.

Во своето обраќање г-ѓа Блажеска се осврна на содржината,намената како и придобивките од Процедуралниот прирачник за терминологија.
Процедуралниот прирачник за терминологијата ja опфаќа терминологијата во контекст на подготовката на националната верзија на acquis (правото на Европската унија) управувани од страна на Секретаријатот за европски прашања, што е од големо значење за обезбедување на конзистентни преводи на законодавството и изработка на сигурен извор за правата и обврските на нашите граѓани.

Истиот е наменет за преведувачи, ревизори, терминолози, како и за сите оние кои се заинтересирани за терминолошката работа во целина. Прирачникот претставува збир на упатства за превод на терминологијата во Секторот за подготовка на националната верзија на acquis во рамките на Секретаријатот за европски прашања, истакна Блажеска.

Прирачникот ги содржи основните принципи на терминологијата проследена со детален опис на работа и активности, улогата на учесниците и на нивните обврски во преводот на терминологијата, изработка на дефиниции, практичните аспекти на управување со терминологијата како и прашања во врска со обезбедување на квалитет и контрола на квалитетот.

Овој прирачник претставува многу корисна алатка која може да се користи од страна на сите засегнати страни во процесот на креирање на национална верзија на acquis communautaire (правото на Европската унија) и обезбедување на висок квалитет на истата.

Сподели ја содржината!
Новости
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
Главниот преговарач на ЕУ, Османи побара државен консензус за преговорите
ОСМАНИ: КОВИД КООРДИНАТОРИ ВО ФАБРИКИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ И ОЛЕСНЕТА КОМУНИКАЦИЈА
Респираторите донирани од Кралството Норвешка пристигнаа во државата
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.