ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Оддржана работилница за утврдување на терминологија за поглавјата 23 и 24 од правото на Европската Унија
16:30, четврток, 31 март 2016

Денес 31.03.2016 год. Секретаријатот за европски прашања со поддршка од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) организираше Работилница за утврдување на терминологија за поглавјата 23 (правосудство и фундаментални права) и 24 (правда, слобода и безбедност) од правото на Европската Унија.

На работилницата учествуваа претставници од НПАА работните групи за поглавјата 23 и 24, координатори на поглавјата 23 и 24 од Секретаријатот за европски прашања како и преведувачи, јазични ревизори и координатори на процесот на подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија од Секторот за подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија при Секретаријатот за европски прашања. Воведни излагања имаа државниот советник при СЕП г-ѓа Љиља Трпковска, претставник на ГИЗ г. Михаел Самец и Проф. Д-р Симон Саздов како експерт по македонски јазик.

На работилницата беа разгледани термини кои се среќаваат и се дефинирани во европските правни акти од поглавјата 23 и 24, кои се со спрецифично значење во овие документи и за чиј соодветен превод на македонски јазик е потребна помош од експерти во соодветните области како и експерти по македонски јазик. Дискусијата која беше развиена како и добиените коментари од учесниците го потврдија значењето на соработката помеѓу Секторот за подготовка на националната верзија на правото на Европската Унија при СЕП со НПАА работните групи од соодветните области и покажаа дека со засилена заедничка соработка може да се дојде до значително подигнување на квалитетот како на преводот на правните акти на ЕУ така и на самото национално законодавство на Република Македонија, особено во оној дел каде во националното законодавство се имплементираат одредби од правото на Европската Унија.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.