ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ИПА Прес конференција
13:42, среда, 17 февруари 2016

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими, заедно со амбасадорот на Европска Делегација во Република Македонија Н.Е. Аиво Орав, денеска 17 февруари 2016 година одржаа прес конференција на која го презентираа статусот на спроведувањето на Инструментот за претпристапна помош ИПА.

Во воведното обраќање вицепремиерот Бесими истакна дека во изминатиот период се работеше паралелно на ИПА 2007-2013 и ИПА 2014-2020. Посебно внимание беше посветено на спроведувањето на тековната ИПА и програмирањето на ИПА 2 базирано на позитивните искуства и научените лекции. Посебен акцент беше ставен на транспарентноста и инклузивноста во спроведување на ИПА, се со цел доближување на ИПА проектите до граѓаните.

Што се однесува до ИПА 1, вицепремиерот Бесими истакна дека од вкупно 614 милиони евра алоцирани со Повеќегодишната финансиска рамка 2007-2013, до крајот на 2015 година се вкупно склучени договори во износ од 379.793.907 евра.Бројот на склучени договори се околу 957 спроведени преку националните институции или ИПА структурата. До крајот на 2017 година остануваат да се склучат дополнителни 97.114.015 евра.

Споредувајќи го степенот на искористеност на ИПА фондовите Бесими подвлече дека станува збор за позитивен тренд. Имено, процентот на искористеност во 2015 година изнесува 61,8%, во 2013 34.2 % и во 2014 45,8 %. Овој тренд се должи на акумулираното искуство во ИПА структурата на Национално ниво, каде професионално работат 360 лица.

За програмирањето на ИПА 2 свое обраќање имаше државниот секретар на СЕП, Ана Блажеска која потенцираше дека расположливите 664 милиони евра, согласно со Националниот стратешки документ за Република Македонија се програмирани во осум сектори. До сега се испрограмирани Седумгодишните програмски документи во секторите Транспорт, Животна средина и ИПАРД 2, Годишните програми за 2014 и 2015. Во финална фаза на програмирање е Годишната програма за 2016, додека Програмата за 2017 е во иницијална фаза.

Амбасадорот Орав во неговото обраќање ја поздрави воспоставената пракса за редовно и транспарентно информирање на јавноста за европските фондови, поврзани со степенот на реализација и нивното планирање. Европска унија го поздравува вложениот труд и идентификуваните предизвици во спроведувањето, нагласувајќи ја потребата од зајакнување и одржување на националните ИПА структури на долг рок.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.