ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Обраќање на вицепремиерот Бесими на Конференцијата на Гермиа Хил - Приштина
10:42, среда, 03 февруари 2016

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Фатмир Бесими, вчера имаше свое обраќање на конференцијата Гермиа Хил (Germia Hill) – Приштина, насловена како “Југоисточната европска безбедност во светлото на пошироките регионални предизвици“.

Во своето обраќање на панелот “Глобалните предизвици и улогата на НАТО и ЕУ во Западен Балкан“ вицепремиерот Бесими, се осврна на глобалните и регионалните геополитички предизвици, низ призма на актуелните политички и економски случувања. При тоа тој истакна дека за Македонија, како мала земја која се уште ги развива своите економски капацитети, со само две децении независно водење на своите политики, НАТО и ЕУ перспективата се и ќе останат стратешка определба и клучен фактор во сите политички и социјални процеси во земјата.

Оваа конференција според Бесими е од посебно значење поради можноста за разменување на идеи и искуства како и сензибилизирање на јавноста околу значењето и улогата на Евроатланските интеграции за земјите од Западен Балкан и регионот, за кои ЕУ претставува единствена аспирација, а НАТО е цел за најголем дел од нив. Земјите од овој регион вложуваат големи напори во насока на приближување кон овие структури и од големо политичко и економско значење е што поскоро интегрирање на овој регион. При тоа Бесими ја истакна потребата од натамошно продлабочување на регионалната соработка, зацврстување на партнерството со ЕУ и НАТО и итно надминување на сите отворени билатерални прашања кои го кочат или успоруваат заокружувањето на децениските процеси за Евро-атлантска интеграција.

Гермиа Хил е годишна политичка конференција во организација на Министерството за надворешни работи на Косово, во соработка со познатиот светски институт Аспен (Aspen Institute), на која учествуваат политичари и меѓународни еминентни експерти и новинари.

На маргините на конференцијата, вицепремиерот Бесими оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Косово, г-дин Хашим Тачи

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.