Билатерални донатори
Институционална поставеност
Странската помош од Обединетото Кралство ја обезбедува Министерството за меѓународен развој (ДФИД) и Министерството за надворешни работи и работи на Комонвелтот (ФЦО).
Министерството за меѓународен развој (ДФИД) (www.dfid.gov.uk) е дел од Владата на Обединетото Кралство кое управува со британската помош за земјите во развој и работи на намалување на сиромаштијата во целиот свет. ДФИД има две седишта (во Лондон и во Ист Килбрајд, во близина на Глазгов), 25 канцеларии во странство и работи директно во 150 земји во светот, со буџет од речиси 4 милијарди фунти во 2004 година. ДФИД работи во партнерство со владите, граѓанското општество, приватниот сектор и други актери. Покрај работата како билатерален донатор на поединечни земји, 43% од вкупната развојна помош оди преку мултилатерални институции, вклучувајќи ја Светска банка, агенциите на Обединетите нации и Европската комисија.
Министерството за надворешни работи и работи на Комонвелтот (ФЦО) (www.fco.gov.uk) финансира и управува со 233 амбасади, високи комисии, конзулати и мисии во меѓународни организации. Тие се поврзани со седиштето во Лондон во единствена, глобална мрежа со вработен персонал од над 6.000 лица во Обединетото Кралство и 10.000 лица локален персонал. Од својот вкупен буџет од над 1,5 милијарди фунти, ФЦО го финансира и Светскиот сервис на Би-Би-Си и Британскиот совет, и го плаќа учеството на Обединетото Кралство во меѓународните организации.
ФЦО обезбедува развојна помош преку следниве програми/фондови:
1. Фонд за глобални можности (ГОФ),
2. Фонд за борба против дрогата и криминалот (ДЦФ),
3. Добро управување,
4. Школарини и стипендии,
5. Фонд за предизвици на јавната дипломатија,
6. Фондови за спречување на глобални конфликти
Обединетото Кралство во Република Македонија
Помошта на Обединетото Кралство за Македонија изнесуваше над 5 милиони фунти, е раководена од страна на Министерството за меѓународен развој (ДФИД) и од Британската амбасада во Скопје. Соработката беше насочена кон поддршка на реформата на јавната администрација. Помошта во овој сегмент се заокружи на крајот од 2005, заради глобално пренасочување на активностите на ДФИД кон најсиромашните земји во светот.
Министерство за надворешни работи и работи на Комонвелтот (ФЦО) Британската амбасада во Скопје (www.britishembassy.gov.uk/macedonia) работи со меѓународни и со локални партнери за реализација на проекти што помагаат во исполнувањето на целите и стратегиските приоритети на Министерството за надворешни работи и работи на Комонвелтот (ФЦО).
ФЦО и Амбасадата поддржуваат проекти во следниве области:
Поддршка на демократијата и доброто управување
Обезбедување техничка помош и поддршка за државните институции со цел да им се помогне во реформите што произлегуваат од процесот на интеграција во ЕУ и членството во НАТО.
Консултантски услуги за обука/структурирање и управување со сектори и одделенија поврзани со ЕУ-активности,
Развој на добро владеење, учество и одговорна демократија,
Поддржување на активности за добро информирани граѓани,
Целосно спроведување на владеењето на правото, поддршка на ефикасна легислатива, ресурси и техники.
Децентрализација - партиципација и одговорност
Поддршка на децентрализацијата преку спроведување на проекти на локално ниво во областите на економијата и вработувањето, владеењето на правото, услуги насочени кон заедницата и хармонични меѓуетнички односи.
Економски развој
Помош за локалните/регионалните администрации за изградба на неопходната законска рамка, структури и квалификации за развивање планови за економски развој и подготовка на иницијативи за унапредување на економијата.
Култура, медиуми, спорт и општество
Промовирање на Обединетото Кралство како отворено и толерантно општество.
За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad
Лицa за контакт од СЕП:
Софче Зафировск
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 243