ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими: Комесарот Хан очекува да се држиме до препораките во извештајот на ЕК
14:00, среда, 25 ноември 2015

Брисел, 25 ноември 2015 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска во Брисел имаше средба со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, кој, според изјавата на вицепремиерот по средбата, му порачал дека за македонската држава е најважно да се држи до препораките што во последниот прогрес-извештај и ги даде Европската комисија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на денешната прва средба на Бесими со Хан, пет теми биле на маса.

- Целта на денешната средба со Хан беше да информираме како пристапивме веднаш по извештајот и што во меѓувреме е направено. Тоа што се разговараше беа препораките во извештајот, т.е. тоа што се очекува од Република Македонија, а тоа се многу јасни поставени работи од страна на еврокомесарот. Се работи за имплементација на политичкиот договор и обврските што се превземени со тој договор, преку конструктивен пристап од страна на сите политички партии, особено во однос на функционирањето на институциите каде што има претставници на повеќе политички партии, посочи Бесими во изјава за МИА по средбата.

Вториот аспект од разговорот со Хан, според првиот македонски евроинтегративец, биле итните реформски приоритети што се очекуваат од Македонија да ги направи, што исто така стои во извештајот на ЕК за нашата земја. Двајцата соговорници разговарале и за бегалската криза.

- Тука се очекува отворен пристап од страна на Република Македонија и засилена координација во однос на поддршката и планот на Европската унија наспроти заклучоците што беа донесени на последната регионална конференција во Брисел посветена на Западен Балкан за бегалската криза, посочи Бесими.

Четврта тема на денешниот разговор со еврокомесарот за преговори за проширување, според македонскиот вицепремиер биле препораките во однос на Советот на Европската унија, а пред декемврискиот Самит на Европскиот совет, што се во фаза на подготовка од страна на земјите-членки на Унијата.

- Се гледа што може да се извлече, со цел да има во Советот на ЕУ заклучоци што ќе дадат поотворена можност за тоа во иднина како да има подобар напредок во однос на европските интеграции на Македонија. Петта тема на разговорот со Хан беше соработката од сега до изборите во Македонија во однос на Европската комисија, а во однос на реформските приоритети во Комесаријатот за европски прашања и на другите македонски институции за реформските приоритети, рече Бесими.

Со цел да се оцени состојбата во Македонија и посветеноста во земјата на горенаведените теми на разговорот Бесими-Хан, Еврокомисијата во наредниот период ќе испрати тим на експерти во нашата земја што би извршиле проценка, но и би и помогнале на земјата во остварувањето на очекуваните резултати.

Превземена од МИА

Автор Б.Н.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.